Ди Марија го напушта Јувентус

June 6, 2023
1 min read

Аргентинскиот фудбалски репрезентативец Анхел ди Марија потврди денеска дека нема да го продолжи договорот со најтрофејниот италијански клуб Јувентус.

„Дојдов до крајот на тежок и сложен период. Заминувам сигурен дека дадов сè од себе. Не успеавме да освоиме титули и поради тоа останува горчлив вкус во устата“, напиша Ди Марија на својот Инстаграм профил.

Ди Марија одигра за Јувентус 40 натпревари на кои постигна осум голови и додаде седум асистенции.

„Од првиот момент кога дојдов се чувствував како дома. Засекогаш ќе го носам Јувентус во срцето“, додаде Ди Марија, кој го облече дресот на Јувентус минатото лето кога без обесштетување дојде од ПСЖ.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зеленски за разнесената брана: Русија активираше бомба за масовно уништување на животната средина

Следно

Силен земјотрес во Романија – почувствуван и во Србија

Latest from Blog

ИЗГОРЕНИ АВТОМОБИЛИ, ЗАТВОРЕНИ ПЛАЖИ И УЛИЦИ ПРЕПОЛНИ СО ОТПАД – Фнидек во хаос по мигрантскиот бран кон Сеута

Фидек е под засилени безбедносни мерки откако масовно движење на мигранти кон шпанската енклава Сеута го наруши мирот во ова крајбрежно место. Плажите се затворени со бариери, а вооружени марокански полицајци се

Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти дека водата за пиење во главниот град е безбедна и ги исполнува сите законски стандарди за квалитет. Според неделниот лабораториски извештај, во периодот од 27

Начевски: Рударството денес не е исто како порано – Иловица е пример за проект со подобрени еколошки решенија

Современите технологии овозможуваат рударството да се развива со далеку повисоки еколошки стандарди отколку во минатото, смета професорот Горан Начевски. Во своето гостување на Сител ТВ, претседателот на Здружението на металурзи истакна дека
Go toTop