Ковачевски и Мицкоски на лидерска средба в среда во Клубот на пратеници

June 5, 2023
2 mins read

Иако пред нецела седмица премиерот спомена дека освен лидерите на средбата би присуствувале и неговиот и тимот на опозицискиот лидер, сепак, во владиното соопштение во кое се информира за средбата се наведува оти таа ќе се одржи помеѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

Опозицискиот лидер Христијан Мицкоски во своето гостување во емисијата „360 степени“ во петокот (2 јуни) изјави дека би било добро средбата со Ковачевски да биде во формат „еден на еден“, а не во формат на тимови, зашто, како што рече, претходните искуства му покажале оти во широк состав никогаш не се носеле заклучоци

Најавената лидерска средба помеѓу претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ќе се одржи в среда во Клубот на пратеници.

Премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на една од претходните средби
Фото: Архива

Иако пред нецела седмица премиерот спомена дека освен лидерите на средбата би присуствувале и неговиот и тимот на опозицискиот лидер, сепак, во владиното соопштение во кое се информира за средбата се наведува оти таа ќе се одржи помеѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. 

Опозицискиот лидер Христијан Мицкоски во своето гостување во емисијата „360 степени“ во петокот (2 јуни) изјави дека би било добро средбата со Ковачевски да биде во формат „еден на еден“, а не во формат на тимови, зашто, како што рече, претходните искуства му покажале оти во широк состав никогаш не се носеле заклучоци.

„Средба во тимови е повеќе ПР-егзибиција, да поминат неколку часа разговори на оваа или на онаа тема, да излеземе пред новинарите, да дадеме изјави и, практично, освен спектакл за јавноста, воопшто ништо нема да значи таа средба. Јас, напротив, сметам дека во овие моменти, кои се суштински за државата, е потребно на следната лидерска средба да излеземе со некаков заклучок“,

рече Мицкоски во петочното дебатно издание на емисијата „360 степени“.

На средбата, како што соопштија од Владата, лидерот на власта и опозицијата ќе ги соочат своите ставови во врска со одлуките кои треба да се донесат во Собранието со цел продолжување на европската интеграција на земјава, како и за пристапот на државата во одржувањето на односите со соседите.

Според лидерот на опозицијата, пак, постојат две опции за кои би требало да се разговара на средбата – едната е таа што ја застапува владата на премиерот Ковачевски, односно влегување на процесот за уставни измени во Собранието и нејзиниот евентуален успех, а втората опција е што доколку не успеат уставните измени, со оглед на тоа што ВМРО-ДПМНЕ отворено кажува дека нема да го поддржи овој процес.

„Како одговорни луѓе кои треба во овие одлучувачки моменти за државата да носат одлуки што ќе значат иднина за Македонија, треба да ги разгледуваме и двете опции и да донесеме заклучок – се знае сценариото ако успее што ќе се случува, но да видиме што ќе се случува и за втората опција – ако не успее“,

изјави Мицкоски во интервјуто на „360 степени“.

Средбата Ковачевски-Мицкоски е закажана за 7 јуни со почеток во 11 часот во Клубот на пратеници.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Берлин побара од Кина да им ги остави на раат пензионираните воени пилоти

Следно

Новиот турски министер за надворешни работи Хакан Фидан ја презеде функцијата

Latest from Blog

Николоски: Старата чаршија во Гевгелија повторно блеска

Старата чаршија во Гевгелија добива нов лик, а вечерната атмосфера дополнително го истакнува нејзиниот обновен изглед. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, порача дека реализацијата на проектот е резултат

Хаос по смртта на најмладиот крал на светот: Како тоа не знаевме дека има син?

Претседателот Јовери Мусевени беше меѓу собраните на аеродромот Ентебе за да им оддадат почит. Кралот Ојо Њимба Кабамба Игуру Рукиди IV почина минатата недела во Соединетите Држави на 34-годишна возраст откако беше

54,16 милиони денари промет на Македонската берза во изминатата недела

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 31.08–04.09.2026, вкупниот промет изнесуваше 54.155.109 денари: 41.448.016 денари со акции преку редовно тргување, 704.948 денари со

ПЛ: Халанд за нови три бода на Сити, Тотенхем непоразен кај „шумарите“

фото: Premier League @premierleague (X) Манчестер Сити продолжи со максимален ефект на стартот од сезоната во Премиер-лигата, откако со минимални 1:0 го совлада Ковентри на домашен терен во денешните попладневни дуели од
Go toTop