Ноќта на северот на Косово помина мирно, КФОР утрово распореден околу општинската зграда во Звечан

May 30, 2023
1 min read

За денеска повторно се најавени протести против градоначалниците Албанци во општините со српско мнозинство во Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ

ФОТО: Принтскрин

Синоќешните тензии на северот на Косово се смириле и ноќта поминала мирно, според информациите од српските медиуми. Од утрово, пак, силите на КФОР, со опрема за разбивање на демонстрации веќе имаат поставено нов кордон на неколку стотини метри од зградата на локалната самоуправа во Звечан. Националната телевизија РТС утрово пренесува дека околу 20 полицајци со штитови се поставени многу подалеку од зградата на општината во споредба со вчера кога беа многу поблиску до неа, а затворени се и другите приоди до зградата на локалната самоуправа.

За денеска повторно се најавени протести против градоначалниците Албанци во општините со српско мнозинство во Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ.

Тензиите на северот на Косово добија на интензитет минатата недела откако градоначалниците кои беа избрани на изборите бојкотирани од Србите, влегоа во општинските згради за да ги преземат функциите, што доведе до судири на косовските безбедносни сили со српското население. 

Во вчерашните протести пред седиштето на Општина Звечан беа повредени најмалку 53 лица, во кои припадниците на КФОР употребија солзавец за растерување на толпата граѓани, кои возвратија со камења, стаклени шишиња и други предмети.

Тројца од повредените се задржани во болница, а едно лице со прострелна рана од огнено оружје е во животна опасност.  Најголем дел од повредените имаат различни видови повреди од шок бомби, солзавец и удари од предмети, рекоа од Клиничкиот болнички центар во Косовска Митровица.

И воената мисија на НАТО на Косово – КФОР синоќа соопшти дека 25 нејзини припадници се повредени во судирот со косовските Срби што се случи пред општинската зграда во Звечан. Повредените војници, како што соопштија од КФОР, се наоѓаат под медицински надзор.   

Протести поради влегувањето на новите градоначалници, вчера, имаше и во општините Зубин Поток и Лепосавиќ, но за разлика од Звечан, таму не дојде до инциденти. Граѓаните во овие две општини мирно се разотидоа, најавувајќи дека денес повторно ќе излезат на протести.  

Српскиот претседател Александар Вучиќ во своето синоќешно вонредно обраќање до јавноста го обвини премиерот на Косово Албин Курти дека е одговорен за случувањата пред општинската зграда во Звечан каде дојде до судир меѓу припадниците на мисијата на НАТО – КФОР и косовските Срби кои излегоа на протести.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Лилард: Мислев дека Ембид треба да биде МВП, но Џокер е неверојатен

Следно

Лучијано Спалети го потврди заминувањето од Наполи

Latest from Blog

Фан на Евертон со лукав план ја саботираше шампионската прослава на Ливерпул (ВИДЕО)

Ливерпул во неделата ја прослави јубилејната 20-та титула во Премиер лигата и уште пред натпреварот се беше подготвено за шампионска фешта на „Енфилд Роуд“, но истовремено и надвор од стадионот со оглед

СДСМ: „Жив фатен“, Тошковски мораше да го признае скандалот со братот на Стефковски – треба да си даде оставка

„Откако СДСМ денеска го објави скандалот со братот на градоначалникот Стефковски со видео докази, Тошковски беше принуден јавно да го признае. Ниту ќе го признаел, ниту ќе бил било кој санкциониран за

По 14 денови прекината блокадата на РТС

По 14 денови блокада на јавниот српски информативен сервис, попладнево студентите во блокада од белградскиот Факултет за драмски уметности на социјалните мрежи објавија дека ја прекинале блокадата поради исполнување на барањето за

Американската морнарица загуби борбен авион Ф-18 од носачот „Хари С. Труман“ во Црвеното Море

ХАМИЛТОН (АА) – Американски борбен авион Ф-18 и возило за влечење од носачот на авиони „Хари С. Труман“ паднаа во водите оперирајќи во Црвеното Море, соопшти денес американската морнарица, пренесува Анадолу. „УСС
Go toTop