Лучијано Спалети го потврди заминувањето од Наполи

1 min read

Лучијано Спалети ќе ја заврши соработката со калчолигашот Наполи и тоа со стил со оглед на тоа што во Неапол ја врати титулата која беше недостижна повеќе од три децении.

Спалети водејќи го тимот успеа да го освои Скудетото, ама и тоа не се покажа како доволно за да се надминат некое недоразбирања кои ги имаше со првиот човек Аурелио Де Лаурентис по што беше одлучено дека е време за разделба.

На оваа тема говореше Де Лаурентис, а сега кратко се огласи и италијанскиот стручњак кој воедно го откри и планот за наредната сезона, година.

-Понекогаш, иако со многу љубов, мораш да си заминеш. Сега не сум подготвен да му го дадам на Наполи тоа што го заслужува. Морам да одморам. Се чувствувам уморно. Морам малку да се исклучам. Нема да бидам тренер на Наполи или на било која друга екипа. Ќе се одморам една година, -порача Лучијано.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Ноќта на северот на Косово помина мирно, КФОР утрово распореден околу општинската зграда во Звечан

Следно

Воздушни напади на Москва и Киев – има повредени и загинати

Latest from Blog