Работите се влошуваат, нема напредок во борбата против корупцијата – оценка на амбасадорот Коп

May 28, 2023
1 min read

По превирањата во Судскиот Совет околу разрешувањето на претседателката, Коп оценува дека и ова тело повеќе не е легитимно. Поради тој преседан, како што вели тој, Холандија ставила во мирување еден голем проект поврзан со Судскиот совет

Холандскиот амбасадор во земјава, Дирк Јан Коп, оценува дека Владата нема напредок во борбата против корупцијата, туку дека работите се влошуваат.

Тој во интервју за Радио Слободна Европа вели дека нема причина за оптимизам.

„Па, не гледаме некој напредок, напротив сметаме дека работите се влошуваат. Постои корупција насекаде, конфликт на интереси, влијание врз невладиниот сектор, непотизам, клиентелизам, а препораките од Државната комисија за спречување корупција и Народниот правобранител не се почитуваат од никој, ниту од Владата ниту од парламентот, ниту од Обвинителството. Всушност годинешниот извештај од Антикорупциската комисија покажува дека 10 проценки од претставките се процесирани, тоа е многу помалку и во однос на 20-те проценти во извештајот од 2021 година, кој патем се уште не е разгледан од Парламентот во последните 2 години, нешто што требаше да се направи. Затоа нема причина за оптимизам. Како што кажав и порано корупцијата е состојба на умот. Ја има насекаде. Таа е дел од менталитетот и треба да се смени сега, зошто ако сакате да сте во Унијата во процесот на преговори, оваа состојба со менталитетот и политичката волја заедно со неказнивоста која оди со тоа и која е најпрезирана од граѓаните, мора да се смени веднаш. Во спротивно желбата да бидете дел од ЕУ во 2030 година, ќе биде илузија“,

вели Коп за РСЕ.

Во однос на довербата на граѓаните во правосудството, Коп оценува дека по превирањата во Судскиот Совет околу разрешувањето на претседателката и ова тело повеќе не е легитимно. Поради тој преседан, како што вели Коп, Холандија ставила во мирување еден голем проект поврзан со Судскиот совет.

Амбасадорот уверува дека ако Преамбулата на Уставот се смени, тогаш втората фаза од преговорите е автоматска и не може да има вето таму. Тој додава и дека ВМРО-ДПМНЕ ризикува да биде одложено членството во ЕУ за најмалку за три, четири години.

„Ако ги слушате ВМРО-ДПМНЕ ќе забележите дека таа партија нема проблем со содржината на овој договор. Па што е тоа што ги натера да бидат надвор од ова, тоа нема врска со Бугарија. Некои луѓе од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ќе преговараат за подобар договор. Тоа се бесмислици. Нема подобар договор од овој. Овој е апсолутно најдобриот договор што Северна Македонија можеше да го добие. Според мене, ова што се случува е тоа што ВМРО-ДПМНЕ ризикува да биде одложено членството во ЕУ за најмалку за три, четири години и мислам дека тоа не е добар начин на однесување и може да биде разочарувачки, ако тоа се случи. Сега е моментот“,

вели Коп за РСЕ.

Целото интервју може да го погледнете овде.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Украина: Едно лице загина во масовен напад на руски беспилотни летала на Киев

Следно

Масовен руски напад со дронови на Киев

Latest from Blog

Трамп го угости извршниот директор на Мета, Закерберг, на вечера во неговиот клуб Мар-а-Лаго во Флорида

ИСТАНБУЛ (АА) – Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го угости извршниот директор на Мета, Марк Закерберг, на вечера во неговото одморалиште Мар-а-Лаго во Флорида, објави „Си-би-ес њуз“, пренесува Анадолу. Средбата ги спои

Стојаноски: Наместо да работеа за подобрување на стандардот на граѓаните, СДС-ДУИ мислеа на богатење на својот џеб

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, на седницата посветена за пратенички прашања, постави три прашања кон претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. За своето прво прашање, тој побара став од претседателот на

Гаши за уставните измени: Штом ќе има политички договор ние сме спремни да ја почнеме процедурата

На денешниот брифинг со новинарите претседателот на Собранието, Африм Гаши нагласи дека законодавниот дом е подготвен да ја почне процедурата за донесување на уставните измени, доколку, како што рече, има политички договор.

Со „Избрани дела“ од Такит, се зголеми фондот книги преведени од латински на македонски

Од печат излезе нов превод од латински јазик во едицијата „Арго“ на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ, со што се зголеми фондот на книги преведени од латински. Се работи за книгата „ИЗБРАНИ ДЕЛА“ од
Go toTop