Османи во улога на претседавач со ОБСЕ повика да се смират тензиите на северот на Косово

May 26, 2023
1 min read

Министерот, кој годинава е и претседавач со ОБСЕ, апелира дека во овој момент од клучно значење е да се зачува мирот и стабилноста и вели дека во најскоро можно време ќе иницира посета на Митровица

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во улога на претседавач со ОБСЕ повика да се деескалира состојбата и да се смират тензиите на во општините со мнозинство српско население на северот на Косово.

„Како претседавач со ОБСЕ повикувам на деескалација и смирување на тензиите. ОБСЕ е подготвена да понуди помош. Мисијата на ОБСЕ во Косово го има кредибилитетот и довербата помеѓу граѓаните и институциите да пружи поддршка. Од клучно значење е да се зачува мирот и стабилноста“,

напиша на Твитер министерот Османи кој денеска беше во посета токму на Косово.

Тој додава и оти во најскоро можно време ќе иницира посета на Митровица.

Денешните тензии на северот на Косово избувнаа во општините Звечан, Лепосавиќ, Косовска Митровица и Зубин Поток каде новите градоначалници требаше да ја преземат функцијата.

Во сите општини нешто пред пладне се слушнале сирени за опасност со кои граѓаните биле повикани да се соберат пред општинските згради за да спречат градоначалниците да влезат во општинските згради поради што дојде до судир помеѓу населението и косовските безбедносни сили.

Покрај косовската полиција, на терен забележливо е и присуството на припадници на ЕУЛЕКС, и КФОР.

Локалните избори во четири општини на северот на Косово – Северна Митровица, Лепосавиќ, Зубин Поток и Звечан се одржаа на 23 април. Србите, кои се мнозинство, ги бојкотираа, па од над 45 000 граѓани со право на глас, излегоа само 1 567 гласачи или 3,47 отсто. Официјален Белград не ги признава резултатите од одржаните избори, за кои вели дека се антидемократски и нелегитимни.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

(ВИДЕО) Десетина повредени во конфликтот меѓу полицијата и граѓаните во Звечан, барикади во Лепосавиќ

Следно

Работната група ја усвои предлог-иницијативата за уставни измени – на ред е Владата да ја проследи до Собранието

Latest from Blog

САНДРА ХИЛЕР И КОЛМАН ДОМИНГО ЌЕ ИГРААТ ВО НОВИОТ ФИЛМ НА ГОРАН СТОЛЕВСКИ

Актерите номинирани за Оскар, Сандра Хилер („Анатомија на еден пад“, „Зона на интерес“) и Колман Доминго („Пеј запеј“) ќе играат во „Скоро вистина“ (Тrue-ish) на Горан Столевски, сатирична драма што следи по

ДЗР: 77 проценти од вкупните приходи за платено политички рекламирање на седумте кандидати на Претседателските избори 2024 се обезбедени од Буџетот

Државниот буџет доминантен извор за финансисрање на изборните кампањи за Претседателските избори 2024 година. Од вкупните приходи на седумте кандидати за претседател во износ од 461.470 илјади денари, 354.257 илјади денари се

За првпат во Европа – Аеродромот „Истанбул“ почнува истовремено да користи три посебни писти

ИСТАНБУЛ (АА) – Аеродромот „Истанбул“, кој минатата година беше втор најпрометен аеродром во Европа, денес официјално започна со истовремено оперирање на три посебни писти, јавува Анадолу. Со оваа нова инфраструктура, аеродромот „Истанбул“
Go toTop