ДЕНЕС СЕКОЈ Е ИНТЕЛЕКТУАЛЕЦ СО „ГУГЛ“, ВЕЛИ БЛАГОЈ ВЕСЕЛИНОВ ПРЕД УТРЕШНАТА ПРЕМИЕРА НА „ИВАНОВ“ ВО МНТ

May 25, 2023
2 mins read

Актерот Благој Веселинов ја игра насловната улога во претставата „Иванов“ од А. П. Чехов, чија премиера е закажана за утре (26 мај) во 20 часот во Македонскиот народен театар (МНТ). Преводот од руски јазик го направи Драгица Најческа, а адаптацијата и режијата се на Зоја Бузалковска.

Драмата „Иванов“ е негово прво поставено дело во театар и ја доставува како драма во четири чина, која ја напишал за десет дена.

Според режисерката, „Иванов“ од Чехов е ретко поставуван на македонските театарски сцени.

„Ова е можеби драма на Антон Павлович во која напрепознатливо се огледува совремието, зашто го третира проблемот на интелектуалецот заробен во светот на распаднат морал и вредности, на апатија и здодевност, на ситни интереси и исмеани илузии – на еден многу директен, остар и бескомпромисен начин и јазик“, стои во нејзината драматуршко-режисерка белешка.

Го прашавме Веселинов, каква е судбината на интелектуалецот во ова време-невреме, а тој вели дека да се биде автентичен е комплицирано, тешко и непривлечно.

„Интелектот повеќе не постои во формата на својата дефиниција. Денес секој е толку интелектуалец колку што му се брзи прстите да може да пребара на ‘Гугл’. Често се доаѓа до едначење и релативизирање со што се губи убавината на поединецот, а од тука и основната смисла зошто би се користел интелектот. Ако воопшто постои ‘интелектуалец’ верувам дека живее во своето невреме“, вели Веселинов за САКАМДАКАЖАМ.МК.

Актерската екипа од претставата изминатите месеци имаше тренинзи за качување на карпи на Матка со алпинисти. (Фото: К. Галевски)

За тоа дали смета дека денеска се слуша гласот на интелектуалецот, актерот вели: „Ако го слушнете гласот на некаков ‘интелектуалец’ може да ве прогласат за луд, секако може и самите да се дијагностицирате со недоветност. Ние сите денес сме спремни да слушнеме некој интелегентен виц..и брзо да им се вратиме на нашите инстант задоволства. ‘Има уши а не слуша’ од каде ви е тоа познато?“, рече глумецот.

Актерската екипа од претставата изминатите месеци имаше тренинзи за качување на карпи на Матка со алпинисти.
„Ваквите искуства не му се туѓи на театарот во светот, но најчесто се развиваат на сосема поинаков драмски материјал. Кај нас нешто вакво се работи за првпат“, ни рече Бузалковска минатиот месец.

„ За мене е прв ваков процес кој во себе содржи 3 и повеќе процеси. ‘Иванов и карпата’ јас се заљубив во идејата од прва, не знаејки каде ќе ме однесе самиот процес. Сега после три месеци качување, имам чувство дека исчезна напорот и скоро и да не користиме отповеќе сила. Довербата која ја градевме и ја градиме како екипа е за мене бесценет мотив за секоја една средба која ја имавме со целиот тим. Работевме на својот ментален развој поминувајќи пречки какви што не се среќаваат во нашето секојдневие. Благодарност до МНТ, режисерката Зоја Бузалковска, до сите колеги и инструкторите по качување за неизмерната посветеност, храброст и истрајност во оваа несекојдневна авантура. Искрено верувам дека секој еден кој е дел од ‘Иванов’ доживеа своја лична позитивна трансформација која се темели на чиста театарска љубов“, рече Веселинов.

Сцена од „Иванов“. (Фото: К. Галевски)

Во претставата играат и: Драгана Костадиновска, Оливер Митковски, Ѓорѓи Јолевски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Григор Јовановски, Нина Деан, Александар Ѓорѓиески, Александар Михајловски, Николина Кујача, Ивица Димитријевиќ и Мартин Ѓоргоски.

Сценографијата е на Бузалковска, Илина Ангеловска и Тодор Дајевски, костимите на Роза Трајческа-Ристовска, а музиката на Давид Ангелевски. Репризата е в сабота, 27 мај.

„Иванов“ по 39 години повторно се поставува на сцената на МНТ, каде што Чехов беше застапен и со драмите „Галеб“, „Три сестри“, „Вишновата градина“, „Малиот човек“ и „Вујко Вања“.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Интер постави рекорд во Купот на Италија

Следно

Зеленски: Наскоро ќе се појави еден од најсилните сигнали дека Русија изгубила

Latest from Blog

Зи-Зу веќе има договор и наскоро седнува на селекторската клупа на Франција

Француската фудбалска федерација постигна принципиелен договор со Зинедин Зидан за негово назначување за главен селектор на националниот тим, објави „Ел Национал“. Како што беше претходно објавено, 53-годишниот специјалист ќе го замени Дидие

Претседателот на Непал го распушти парламентот и распиша избори

Непалскиот претседател Рамчандра Паудел го распушти парламентот и свика нови избори за 5 март по една недела смртоносно насилство што кулминираше со назначување на првата жена премиер во земјата. Соопштението од канцеларијата

Сите надлежни институции да постапат итно и безмилосно: Сведочиме на ужас кој не смее да се повтори – се користат сите расположливи сили

❗️Почитувани сограѓани, скопјани, во овој момент сведочиме на ужас кој не смее да се повтори, огромен пожар ја уништува животната средина и директно го загрозува здравјето на скопјани! 🫡 Од самиот почеток,

Ѓорѓиевски со екипите на лице место: Сите сили во борба со разгорениот пожар

Скопје се соочува со сериозен пожар кој моментално ја загрозува животната средина и здравјето на граѓаните. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, заедно со своите колеги Бобан и Дејан, е на терен од самиот почеток
Go toTop