Македонското движење (МДС) од Албанија со остра реакција: На бугарските шарлатани да им се забрани влез во државата – општината, македонската партија и самата држава да го заштитат македонското население!

May 25, 2023
1 min read

Во Република Албанија не живее никакво бугарско малцинсто, отварањето на бугарски клуб во Пустец претставува провокација и омаловажување, како и обид за асимилација на Македонците што живеат во Албанија, реагираат од Македонското движење за самоопределување (МДС) од Албанија.

Бугарската пропаганда пуштена е на најако во Република Албанија, во населените места каде што претежно живеат Македонци.
Обидот за отварање на бугарски клуб во село Пустец, Мала Преспа не претставува ништо друго освен провокација и омаловажување на Македонците од страна на Бугарија и бугарските агентури, задскриени под превезот на таканаречената Фондација „Фондација Македонија“ предводена од Виктор Стојанов.

Државата, Република Албанија мора да застани во заштита и одбрана на своето население и на овие шарлатани кои што како шерифи се шетаат низ Мала Преспа да му се забрани влез во државата.

Овие лица од Бугарија треба еднаш и засекогаш да разберт дека од Македонец, „бугарин“ не бидува. Бидејќи македонизмот и македонштината со нас се раѓа, со нас живее и се пренесува од колено на колено, и затоа ќе биде вечна.

Македонизмот ќе го надживее договорот за добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија, како и Преспанскиот договор помеѓу Македонија и Грција, со кој за жал беше сменето уставното име на нашата матична земја МАКЕДОНИЈА, исто како што ќе ги надживее сите негатори на МАКЕДОНЦИТЕ.

Во меѓувреме, македонската партија (МАЕИ) како дел од власта на Еди Рама, и општина Пустец цврсто да застанат во одбрана на Македонското население и да не дозволат никакви провокации од страна на овие еден-двајца бугари кои што шпартаат низ Мала Преспа.

МДС застанува цврсто во заштита на Македонците во Република Албанија и во заштита на македонското културно наследство.

Македонија и Македонците вечни!, стои во реакцијата на МДС.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

САД ги истражуваат наводите дека Киев користел американска воена опрема при напад на руска територија

Следно

Интер постави рекорд во Купот на Италија

Latest from Blog

НЕИДЕНТИФИКУВАН ДРОН експлодираше во Молдавија

Молдавската полиција денес објави дека беспилотно летало, најверојатно борбен дрон, експлодирал на периферијата на селото Лопатна, во округот Орхеј, во ноќта меѓу 7 и 8 јуни, и потврди дека нема повредени. „Властите

Општина Битола: Нов спортски комплекс за жителите на „Стрелиште“

Жителите на населбата „Стрелиште“ во Битола по повеќе од две децении ќе добијат нови и современи спортски терени, откако Општина Битола започнува реализација на значаен инфраструктурен проект за реконструкција и модернизација на

Адвокатот Жарко Хаџи-Зафиров: Правдата за загадувањето ја бараме и во Стразбур

Правната борба против загадувањето од домашните судови се сели во судот за човекови права во Стразбур. Неодамна се докажа дека нашата држава со голи раце „војувала“ против загадувањето, односно ова со судска

Финансиска поддршка за здруженија што работат со лица со попреченост во Битола

Општина Битола распиша јавен повик за обезбедување услуги за рехабилитација и поддршка на лица со попреченост преку здруженија на граѓани, со цел подобрување на квалитетот на животот и социјалната вклученост на оваа
Go toTop