Приватните превозници од утре се враќаат на скопските улици – потпишаа договор со ЈСП

May 23, 2023
1 min read

Во скопскиот јавен превоз, како што пишува во соопштението на ЈСП, од утре ќе сообраќаат 105 автобуси на приватните превозници кои ќе ги опслужуваат линиите: 23, 45, 61, 63, 73, 9, 11, 11A, 12, 47A, 55, 19, 20, 22, 52 и 54

Приватните превозници од утре се враќаат на улиците. Ваквата информација денеска преку писмено соопштение до медиумите ја соопшти Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) „Скопје“.

Фото: МИА

Во скопскиот јавен превоз, како што пишува во соопштението, од утре ќе сообраќаат 105 автобуси на приватните превозници кои ќе ги опслужуваат линиите: 23, 45, 61, 63, 73, 9, 11, 11A, 12, 47A, 55, 19, 20, 22, 52 и 54.

„Денеска, в.д. директорот на ЈСП Скопје, Крсте Петревски, го потпиша договорот со приватните превозници, а веќе од утре 105 модерни автобуси, кои ги исполнуваат еколошките стандарди согласно јавниот повик, ќе сообраќаат на скопските улици“,

се додава во соопштението на ЈСП.

Фото: ЈСП

Враќањето на приватните автобуски превозници на скопските улици доаѓа по трите пропаднати повици кои Град Скопје ги распиша за нивно повторно вклучување во јавниот превоз, откако пред околу половина година тие престанаа да сообраќаат барајќи од ЈСП и од Градот исплата на долгот од над еден милион евра.

Првите два огласи пропаднаа оти на нив не се пријави никој, а третиот оглас пропадна поради, како што тогаш соопштија службите на Град Скопје, нецелосната документација на подносителите на апликациите.

Приватните превозници во ноември 2022 година престанаа да бидат дел од градскиот јавен превоз поради долгови што бараа да им бидат исплатени од Град Скопје. Кон крајот на ноември и почетокот на декември со повеќе од 300 автобуси паркирани на клучните крстосници го блокираа главниот град.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Изложба на македонски музички плакати во Галерија МКЦ на 26 мај

Следно

И лидерот на ПАСОК го врати мандатот за состав на влада

Latest from Blog

Трипуновски: Секој кој има штета ќе биде обештетен

Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски присуствуваше на прес-конференција на Управувачкиот комитет за справување со кризи кој во проширен состав заседаваше во МВР. Во регионот каде што е пожарот во

Џон Малкович за аферата со убавата Мишел Фајфер: Кога ќе ја преминете границата, нема враќање

 Двајцата биле во брак во тоа време, а нивната романса од снимањето се прелеала и во реалниот живот. Во историската романса од 1988 година, режирана од Стивен Фрирс, Малкович и Фајфер ги
Go toTop