Владата на Борисов и Петков со ротирачки премиер се очекува да има 20 члена: Кој е тандемот Денков-Габриел што ќе ја предводи

May 23, 2023
3 mins read

Прв на премиерската функција се очекува да биде Николај Денков од ПП, кому претседателот Румен Радев наредните денови треба да му го врачи мандатот. Марија Габриел од ГЕРБ, пак, ќе биде вицепремиерка, а по девет месеци ќе ги ротираат функциите со Денков. Габриел ќе биде и министерка за надворешни работи, функција која со премиерската е најважна во контекст на односите меѓу Бугарија и Северна Македонија

Денков е универзитетски професор, хемичар. Во неколку преодни, но и во политичката влада на Петков беше министер за образование и наука. Габриел, пак, е кадар на ГЕРБ, таа е поранешна европратеничка и еврокомесарка

По пет последователни изборни циклуси и политичка неизвесност, Бугарија конечно треба да добие стабилна политичка влада што ќе ја состават довчерашните најголеми политички ривали – ГЕРБ на Бојко Борисов и Продолжуваме со промените (ПП) на Кирил Петков, која на изборите настапи во коалиција со Демократска Бугарија (ДБ).

Сè уште има многу непознати околу составот на новата влада – она што е извесно е дека таа ќе биде со ротирачки премиер и еден вицепремиер – наизменично на функцијата ќе се ротираат функционери од ГЕРБ и ПП. На крајот на секои девет месеци премиерот ќе поднесува оставка. Двете пратенички групи ќе гласаат и ќе ја поддржат номинацијата на другата пратеничка група за следен премиер. Премиерот што ќе поднесе оставка ќе биде нов вицепремиер.

Извор: БНТ

Така, прв на премиерската функција се очекува да биде Николај Денков од ПП, кому претседателот Румен Радев наредните денови треба да му го врачи мандатот. Марија Габриел од ГЕРБ, пак, ќе биде вицепремиерка, а по девет месеци ќе ги ротираат функциите со Денков.

Извор: БНТ

Габриел ќе биде и министерка за надворешни работи, функција која со премиерската е најважна во контекст на односите меѓу Бугарија и Северна Македонија.

Кои се Денков и Габриел?

Николај Денков е угледен професор на Софискиот универзитет. Тој е доктор по хемиски науки, кој во последните години беше министер за образование и наука во неколку влади во Бугарија. Првично, функцијата ја извршуваше само неколку месеци во преодната влада на Огњан Герџиков во периодот од 27 јануари 2017 до 4 мај 2017 година. Потоа, повторно беше на оваа функција во првата и втората влада на Стефан Јанев во периодот од 12 мај до 13 декември 2021 година. Тогаш политичка влада оформи Кирил Петков, а Денков и во неа беше министер за образование. На функцијата остана до 2 август 2022 година.

Марија Габриел, пак, е кадар на ГЕРБ и е еврокомесарка за иновации, истражување, култура, образование и млади, функција на која се наоѓа од декември 2019 г. Претходно, во 2017 година беше назначена за еврокомесарка за дигитална економија и општество, а од 2009 до 2017 г. беше пратеничка во Европскиот парламент каде што беше потпретседателка на пратеничката група на Европската народна партија (ЕПП). Таа е сопруга на Франсоа Габриел, Французин, со кого е во брак од 2012 година, а е познат по тоа што е поранешен асистент на тогашниот претседател на групата на ЕПП, Жозеф Дол.

Владата ќе брои 20 члена

Денков и Габриел денеска претпладне имале средба во бугарскиот парламент и како што пишуваат бугарските медиуми ги разјасниле последните детали за тоа како ќе управуваат со владата.

Бугарската национална телевизија (БНТ) јавува дека во нивната влада веројатно ќе брои 20 члена, вклучувајќи го тука и премиерот и вицепремиерот. Меѓу позвучните имиња е Асен Василев, кој заедно со Кирил Петков е копретседател на Продолжуваме со промените. Тој се очекува да биде предложен за министер за финансии.

Од 20 члена, според објавените имиња од БНТ, 16 ќе бидат мажи, а четири жени. Дали тоа ќе биде официјалниот предлог за влада на ПП-ДБ и ГЕРБ ќе биде познато кога и официјално Денков ќе го предложи тимот до претседателот Румен Радев откако тој првично формално ќе му го врачи мандатот.

Договорот помеѓу Борисов и Петков за формирање влада со ротирачки премиер беше и своевиден пресврт со оглед дека Продолжуваме со промените претходно отфрлаше соработка со ГЕРБ.

Петков денеска во обраќање објасни зошто верува дека во оваа ситуација ова е единственото најдобро решение наместо нови избори.

„Да, имаме влада со министри кои ќе работат за Бугарија без да крадат и да можат да остварат многу наши надежи за промени – длабоко верувам дека тоа е можно со ваква форма на влада. Овој формат не е коалиција. Напротив, создаден е токму затоа што не можеме да коалицираме со ГЕРБ. Коалицијата би била многу полесна ако си веруваме еден на друг, но како што реков претходно, тоа го немаме. А бидејќи го немаме, мораме да влеземе во ваква сложена структура на промена на премиерот по девет месеци. Важно е да се напомене дека промената на премиерот ќе биде факт, но министрите ќе останат исти“,

вели Петков.

Овој модел, нагласува тој, во ситуација кога две партии не може да бидат во коалиција, а не може да се формира влада без нивно гласање во парламентот, е единствен можен. Го има, вели Петков, во Ирска, Израел и Романија.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Катарскиот министер за енергетика: „Само топла зима може да ја спаси Европа“

Следно

Унгарскиот премиер ја критикуваше политиката на санкции на ЕУ кон Русија

Latest from Blog

Приватните превозници ни утре нема да возат по скопските улици

Приватните превозници и утре нема да возат, автобусите ќе останат во гаражите,  изјави вечерва, Јовица Зафировски, претставник на превозиците.  Одлуката е донесена на координацијата на превозниците кои  денеска попладне ги исклучија автобусите

Откажан Самитот на лидерите на Западен Балкан во Неум, пропаднал тендерот за организација

Советот на министри на БиХ го откажа Самитот на лидерите на Западен Балкан во Неум, бидејќи пропадна тендерот за организација на овој настан, потврдено е за Klix.ba. За организатор е избрана фирмата

Шукова, Чупеска и Костова се избрани за потпретседатели на СДСМ

Централниот одбор на СДСМ вечерва на седница на избра потпретседатели и генерален секретар на партијата. За генерален секретар на партијата е избран Александар Димитриевиќ, нови потпретседатели се Кристина Костова од Штип, поранешната

Поддржувачите на ПКК се судрија со полицијата во Лондон по апсењата во истрагата за тероризам

ЛОНДОН (АА) – Приврзаниците на терористичката организација ПКК денес се судрија со полицијата во лондонскиот кварт Харингеј, откако лондонската полиција уапси шест лица за поврзаност со сомнителни терористички активности поврзани со организацијата,

Што значи загрозена безбедност на јавните финансии? Објаснува Глигор Бишев

Претседателот на Фискалниот совет Глигор Бишев вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 објасни што конкретно значи за државата кога е загрозена безбедноста на јавните финансии. „Ние посочивме дека прекршени се фискалните правила
Go toTop