ЗУБИН МЕХТА И БЕЛГРАДСКАТА ФИЛХАРМОНИЈА СО КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ НА 24 ЈУНИ

May 23, 2023
1 min read

Белградската филхармонија, под диригенство на легандарниот Зубин Мехта, ќе гостува во Скопје на 24 јуни, во салата на Филхармонијата.  Концерт, како што соопшти Македонската филхармонија, е дел од на иницијативата „Отворен Балкан“. Осумдесет и седумгодишниот диригент во 2007 имаше  концерт со Израелската филхармонија во Скопје, во тогашната „Метрополис арена“.

„Маестро Мехта, еден од најголемите диригенти на денешнината и најзначаен пријател на Белградската филхармонија е докажан авторитет во иницирањето на изградбата на мостови меѓу различните култури. Со својата единствена енергија и визија, допринесе во рушењето на бројни бариери користејќи ја моќта на музиката. Маестро Мехта со голем ентузијазам ја поддржа иницијативата ‘Отворен Балкан’ меѓу Србија, Албанија .Македонија“, вели Филхармонијата.

Покрај концертите во Белград (20 јуни), Скопје (24 јуни), Белградската филхармонија ќе одржи и концерт во Тирана (22 јуни), а на програмата на трите концерти, Мехта ќе го предводи оркестарот на Белградската филхармонија во изведбата на Симфонијата бр.7 од Лудвиг ван Бетовен и „Фантастичната симфонија“ од Хектор Берлиоз.

Со своите 87 години, маестро Мехта важи за еден од најзначајните диригенти на светската музичка сцена, на која е присутен повеќе од 60 години со своите настапи кои денеска важат за историски. Концертот со кој Белградската филхармонија одбележува и 100 години од основањето ќе биде негов 11 настап со овој оркестар.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Знаме со нацистичка свастика најдено по ударот на камион во оградата близу Белата куќа

Следно

Медиуми излезени од реалноста

Latest from Blog

Македонските ракометарки против Шведска ќе го имаат својот прв настап на ЕП 2024

Македонската женска ракометна репрезентација вечер во 1. коло на Европското првенство 2024 ќе се соочи со Шведска. Натпреварот се игра во „Феникс Арена“ во Дебрецин. Во А-групата ќе играат и селекциите на

Слепиот послушник и потрчко на Заев сега на услуга на Филипче, Аврамовска Мадиќ ги изготви славните измени на КЗ за спас на криминалците од СДС и ДУИ

Во СДС ништо не е сменето. И покрај смените на хартија на два претседатели, со СДС сè уште владее Зоран Заев. Тоа се гледа и од последниот избор за претседател на СДС,

Шилегов со песната „Во бестрага“ го коментираше новото раководство на СДСМ

Екс градоначалникот на Град Скопје и дел од СДСМ, Петре Шилегов на својот Фејсбук профил објави реакција по повод Централниот конгрес на СДСМ каде е избрано ново раководство. Тој ја објави песната
Go toTop