Викендов продолжува ПМФЛ, Шкендија домаќин на Шкупи, Силекс ја пречекува Струга

April 25, 2025
1 min read

Со дуелите од 29. коло викендов продолжуваат натпреварувањата во Првата македонска фудбалска лига (МФЛ), во кое претендентите за шампионската титула Шкендија и Силекс ги очекуваат домашни натпревари.

Воведниот натпревар ќе се игра в сабота, кога од 16 часот Вардар е домаќин на Беса.

Лидерот Шкендија в недела во Тетово ќе го пречека Шкупи, додека второпласираниот Силекс е домаќин на Струга.

В недела на програмата ќе бидат и дуелите меѓу Пелистер и Тиквеш, како и Гостивар – Работнички, додека прволигашкото коло ќе биде комплетирано в понеделник со натпреварот во Струмица меѓу Брера и Воска.

До крајот на актуелната сезона во ПМФЛ престанува да се одиграат уште пет кола, а Шкендија води на табелата со 62 бодови, четири повеќе од единствениот конкурент за шампионската титула Силекс.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Администрацијата на Трамп побара од Врховниот суд потврдување на забраната за трансродови лица во војската

Следно

УКРО: Биолошката терапија пристигна, пациентите ќе бидат информирани кога да ја примат

Latest from Blog

Македонија ја зголемува енергетската сигурност со нови зелени капацитети

Македонија бележи забрзан развој на обновливите извори на енергија, а растот на инсталираните капацитети веќе ја надминува динамиката предвидена со Националниот план за енергија и клима (НПЕК). Ова е наведено во најновиот

Трамп повторно изјави дека се надева оти крајот на војната против Иран е близу

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева дека крајот на војната против Иран е близу, бидејќи конфликтот, кој е во седмиот месец, ескалираше кога саудиските авиони  го бомбардираа Јемен, а  Хутите
Go toTop