Учениците од „Илија Николовски-Луј“ Гоце Златев и Магдалена Дрмач дел од програмата на чествувањето на Кирил и Методиј во Рим

May 23, 2023
1 min read

Државно-црковна делегација од Република Македонија од денеска престојува во Рим и во Ватикан каде ќе се поклони на гробот на Свети Кирил, во рамките на одбележувањето на традиционалната манифестација „Македонија во чест на Свети Кирил“. Делегацијата ја предводи претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Во рамките на културната програма, попладнево во салата „Балдини“ во Рим, во рамките на манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“ државно-црковната делегација ќе присуствува на концертот на младите и талентирани уметници – Гоце Златев на пијано и Магдалена Дрмач на виолончело – ученици од трета година во Музичко-балетскиот училиштен центар „Илија Николовски-Луј“. На програмата се Соната за пијано бр. 2 оп. 5 од Фредерик Шопен и Соната за виолончело и пијано бр. 1 оп. 38 од Јоханес Брамс.

Талентираните ученици се добитници на повеќе престижни награди на меѓународни музички натпревари. Веќе членуваат во ансамбли, а бележат и завидна солистичка концертна дејност.

Пред концертот, за мисијата и значењето на делото на светите браќа Кирил и Методиј, ќе говори директорката на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, д-р Елена Јованова-Грујовска.

Делегацијата на Република Македонија ќе присуствува на молебен во базиликата „Сан Клементе“ во Рим, каде што ќе положи венец на гробот на Свети Кирил, а потоа ќе ја разгледа изложбата на македонскиот уметник Решат Амети, која е поставена во Амбасадата на Македонија во Светата Столица.

Според агендата, државно-црковната делегација ќе присуствува на аудиенција кај папата Франциск во Ватикан, а ќе положи и цвеќе пред спомен-плочата на македонски јазик во чест на Свети Кирил во базиликата „Санта Марија Маџоре“.

Поклонението на гробот на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“ во Рим првпат е организирано во 1969 година за 1100 години од смртта на Свети Кирил, и оттогаш секоја година на 24 мај се одбележува со највисоки почести од црковно-државна делегација.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Дојави за бомби во училиштата во неколку градови во Србија, за дел е утврдено дека се лажни

Следно

Зградата од милијарда долари во која никој не сака да живее

Latest from Blog

Омерагиќ на отворањето на регионална канцеларија на УЕФА во Истанбул

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) отвори регионална канцеларија во Истанбул на пригодна свеченост на која присуствуваше и претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ. Свеченоста беше одбележана со присуство на шефот

Променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи

Променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на

Тренчевска до Дурмиши: Кој ќе одговара за доцнењето на платите и непочитувањето на законските обврски?

Пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска во рамките на собраниската седница посветен на пратенички прашања упати прашање до министерот економија и труд Бесар Дурмиши, во врска со неисплатените плати на вработените министерство за

Зајакнати мерки за непрописно паркирани возила во централно градско подрачје

Денеска (24.04.2025) во периодот од 17:00 до 20:00 часот од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје преземени се зајакнати мерки за санкционирање на непрописно паркираните возила низ
Go toTop