Националната турнеја на проектот „Простор за разговор“ денеска продолжува во Битола

May 19, 2023
1 min read

Интерарт културниот центар во соработка и со поддршка на Швајцарската амбасада во Скопје, ја продолжува Националната турнеја на проектот „Простор за разговор“- “Dancing (Talking)Table”. Следниот настан ќе се одржи на 19 мај, со почеток во 12 часот, во партнерство и соработка со Женскиот центар за поддршка од Битола и ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“ од Битола во чии рамки ќе се прикаже и филмот „Простор за разговор“.

Во рамки на настанот ќе се прикаже филмот „Простор за разговор“ во кореографија и режија на Рисима Рисимкин, музика на Тони Китановски, костими на Благој Мицевски и сценско обликување и светло на Матеа Мијановиќ. Настапуваат танчерите на Скопје танцовиот театар Анастасија Данчевска, Дејан Битровски, Адријана Данчевска, Бобан Русески, како и Сара Димовска, Клара Христова, Јоана Благадуша, Микаела-Анџела Глигорова, Илина Костовска, Моника Шолевска, Ангела Петровска и Стефанија Милевска Враниќ, студенти на Катедрата за современ танц при универзитетот „Гоце Делчев“. Филмот е создаден како сценска рефлексија на истражувањето за односот на општеството кон темата на родова еднаквост и семејно насилиство, со цел да се сврти вниманието на јавноста кон овој горлив проблем.

На темата ќе се обратат Наташа Илиева, директорка на училиштето, Александра Мицевска, дипломиран лиценциран психолог, едукант на гешталт психотерапија и Рисима Рисимкин, уметник и професор, автор на проектот.

Националната турнеја на проектот се случува во партнерство со универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, „Националната мрежа против семејно насилство“ и локални партнери од десетте града во Македонија, кои се занимаваат со култура и темата на родово еднаквост и родово базирано насилство.

Женски центар за поддршка од Битола е првото специјализирано советувалиште за жени и деца жртви на насилство во Пелагонискиот регион кое обезбедува услуги за кориснички од општина Битола и околните општини. Моментално е четврти ваков центар со кој раководи Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, откако во 2021г. беа отворени Женските центри во Скопје и Тетово, и во септември 2022 во Кавадарци. Овие центри се специјализирани советувалишта за жени и деца кои се справуваат со родово базирано и семејно насилство, и обезбедуваат бесплатни и доверливи услуги за помош и поддршка. Жените кои ќе побараат помош или ќе бидат упатени во Женските центри, добиваат целосна помош и поддршка за справување со насилството, без разлика дали насилството се случува во моментот, или пак се случило во минатото но оставило последици и предизвици со кои жената и нејзините деца тековно се соочуваат. Поддршката опфаќа советување за остварување социјални права, психолошко советување и психотерапија, која може да биде индивидуална и/или групна, правна помош и поддршка, упатување и придружување до институции и други организации, како и кариерно советување и менторска поддршка при економско јакнење. Услугите ги обезбедува тим од социјална работничка, правна советничка, психолог/ психотерапевтка и кариерна советничка.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Дојави за бомби во клиничкиот центар „Ѕвездара“, ВМА и Зоолошката градина во Белград

Следно

Рајчев останува обвинител во предметот за Стаменковски од „Доказ“ по обвинувањата дека соработувал со обвинетиот

Latest from Blog

Сиљановска Давкова ja почна официјалната посета на Црна Гора

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Цетиње со највисоки државни и воени почести беше пречекана од црногорскиот претседател, Јаков Милатовиќ, со што почна дводневна официјална посета на Црна Гора. По пречекот на

Турските домашни ракети ја осигуруваат националната безбедност

ИСТАНБУЛ (АА) – Ракетите од домашно производство на Туркије развиени од одбранбената компанија Рокетсан со седиште во Анкара ја осигуруваат националната безбедност на земјата со многу истакнати воздушни и поморски системи, јавува

Тајван: Воен камион што превезуваше американска ракетна опрема „Патриот“ излета од патот

ИСТАНБУЛ (АА) – Воен камион кој превезуваше американска ракетна опрема „Патриот“ денес излета од патот во Тајван, пренесува Анадолу. Камионот што превезуваше опрема за ракетите „Патриот“ од американско производство излета од патот
Go toTop