Алтун: Неприфатлив е молкот за приведувањето на турските новинари во Германија

May 18, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Директорот за комуникации при турското Претседателство, Фахретун Алтун, упати критики поради молкот на Западот во врска со притворањето на двајцата турски новинари во Германија поради нивниот напис против терористичката организација ФЕТО, која стои зад неуспешниот обид за пуч во Туркије во 2016 година, пренесува Анадолу.

Во објава на Твитер, Алтун рече: „Слепи ги водат слепите! И бесрамната операција против турските новинари кои легално работат во Германија и оние кои молчат за тоа направија нешто сосема неприфатливо.“

Претходно, дописникот на „ТРТ Ворлд“ од Вашингтон побара од заменик-портпаролот на американскиот Стејт департмент, Ведант Пател, да го искоментира приведувањето на турските новинари во Германија.

Пател одби да даде коментар и рече: „Не ги знам подробностите на овој случај.“

Алтун истакна дека „оние кои се осмелуваат да ѝ држат предавања на Туркије, каде што стотици странски новинари слободно работат, на секој чекор го открија вистинското лице на нивните таканаречени вредности денес.“

„Сосема е јасно дека оваа операција, насочена кон заплашување на турските новинари, е планирана со претпоставка дека одредени политичари, кои ветија ‘Туркије послушна на Западот’ на нивната средба со странските амбасадори, би можеле да победат на 14 мај“, додаде тој.

„Нашата порака е јасна: Вака или онака, ќе се помирите со фактот дека Туркије ќе продолжи да биде голема држава која ги брани своите граѓани и која бара одговорност од секој што ќе се осмели да ги повреди под силното водство на претседателот Реџеп Таип Ердоган“, додаде Алтун.

Исмаил Ерел и Џемил Албај, новинари кои работат за турскиот дневен весник „Сабах“, беа приведени во раните утрински часови вчера, откако десетици полицајци упаднаа во нивните домови во германскиот град Франкфурт. Полицијата ги заплени и нивните телефони, лаптопи и електронски мемориски уреди.

Тие беа ослободени неколку часа по приведувањето.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ковачевски му врати на бугарскиот претседател: Наследниците на Гоце Делчев ќе ги вметнат сонародниците и наследниците на Радев во македонскиот Устав

Следно

Во Судан продолжени судирите и покрај преговорите за прекин на огнот

Latest from Blog

Омерагиќ најави револуција: Македонскиот фудбал влегува во нова ера

Денес се одржа редовното годишно Собрание на Фудбалската федерација на Македонија, на кое беа усвоени клучни одлуки за иднината на македонскиот фудбал. Масар Омерагиќ, претседател на ФФМ, истакна дека е донесен нов

Меџити: Со ВЛЕН завршува политиката на поделби

За првпат во историјата на мултипартиската Македонија, Албанците од различни политички провиниенции, од десница и левица, млади и искусни, се обединуваат во заеднички политички фронт, ВЛЕН. Изет Меџити, градоначалник на Општина Чаир

Омерагиќ: Време е за ред, правила и реалност во македонскиот фудбал

Денес се одржа редовното годишно Собрание на Фудбалската федерација на Македонија, на кое беа усвоени клучни одлуки за иднината на македонскиот фудбал. Масар Омерагиќ, претседател на ФФМ, истакна дека е донесен нов

Тоневски: Пробиштип со „Зелникот на баба“ стана центар на вкусот и македонската култура

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, информираше дека манифестацијата „Зелникот на баба“ годинава ги надминала сите очекувања, привлекувајќи повеќе од 8.000 посетители. Според него, мирисот на тазе печен зелник и звукот на
Go toTop