Убиени над 500, раселени околу милион лица за два месеца во источниот дел на Демократска Република Конго

May 18, 2023
1 min read

КАМПАЛА (АА) – Нападите извршени од страна на вооружените групи во изминатите два месеца ги однесоа животите на повеќе од 500 цивили и раселија над еден милион лица на териториите Дјугу и Махаги во покраината Итури во источниот дел на Демократска Република Конго, изјави официјален претставник, пренесува Анадолу.

Радиото на ОН во ДР Конго го цитираше главниот директор на канцеларијата на МОНУСКО во Итури, Марк Карна Соро, кој им се обраќаше на новинарите во градот Бунија.

Соро, кој штотуку се вратил од мисија во јужната територија на Ируму, зборувал за целокупната безбедносна ситуација во покраината.

Според него, за два месеца биле убиени 530 луѓе, а повеќе од еден милион раселени луѓе се собрани околу различни бази на МОНУСКО.

Источните покраини на ДР Конго, вклучително и Итури, Северен Киву и Јужен Киву, долго време страдаат од напади на вооружени групи што убиваат цивили и ограбуваат имот, силуваат жени и девојки.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Венеција денеска се отвора македонскиот павиљон на 18. Интернационална изложба на архитектурата

Следно

(ВИДЕО) Четири деца пронајдени живи во џунгла 15 дена откако авионот со кој патувале се урнал

Latest from Blog

Божиновска: Сигурното снабдување со струја и заштитата од ценовни шокови се наши приоритети

Владата ги презема сите мерки за да ги заштити граѓаните од ценовни шокови и да обезбеди сигурно снабдување со електрична енергија, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во

ВЛЕН: Насилството не може да се оправда со униформа

ВЛЕН бара целосно расветлување на случајот со двајцата млади од Сарај кои пријавиле малтретирање од полициски службеници и одговорност доколку истрагата утврди пречекорување на овластувањата или прекршување на законот. Од партијата изразуваат
Go toTop