(ВИДЕО) Четири деца пронајдени живи во џунгла 15 дена откако авионот со кој патувале се урнал

May 18, 2023
1 min read

Спасувачите, прудружени од кучиња трагачи, претходно пронашле фрлено овошје кое децата го јаделе за да преживеат, како и импровизирани засолништа направени од вегетација од џунглата

Четири деца, меѓу кои и 11-месечно бебе, беа пронајдени живи повеќе од две недели откако авионот со кој патувале се урнал во густа џунгла во колумбиската провинција Какета.

Децата, по двонеделна потрага, биле спасени од припадници на војската, пожарникари и претставници на цивилната авијација.

Спасувачите, прудружени од кучиња трагачи, претходно пронашле фрлено овошје кое децата го јаделе за да преживеат, како и импровизирани засолништа направени од вегетација од џунглата.

Несреќата се случила на почетокот на мај, кога авионот „цесна 206“, во кој се превезувале седум лица меѓу Аракуара, во провинцијата Амазонас, и Сан Хозе дел Гуавијаре, град во провинцијата Гуавијаре, се урна во џунглата.

Во несреќата загинале тројца возрасни, меѓу кои и пилотот, а нивните тела биле пронајдени во авионот. Четири деца на возраст од 13, 9 и 4 години, како и едно 11-месечно бебе, кои припаѓаат на домородното население Уитото, ја преживеале авионската несреќа.

„По макотрпна потрага на нашата војска, ги најдовме живи четирите деца кои исчезнаа по авионската несреќа во Гуавијаре“,

објави колумбискиот претседател Густаво Петро во објава на Твитер.

Џунглата е многу густа и опасна во таа екстремно оддалечена област, а потрагата беше отежната поради присуството на диви животни, дрвја високи и до 40 метри и обилниот дожд, додаде тој.

Причините за несреќата сè уште не се утврдени. Според Цивилната заштита, пилотот пријавил проблеми со моторот пред да исчезне од радарот.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Убиени над 500, раселени околу милион лица за два месеца во источниот дел на Демократска Република Конго

Следно

Италијански медиуми тврдат, Елиф Елмас им кажал отворено, не е задоволен од минутажата во Наполи, сака да замине

Latest from Blog

Божиновска: Сигурното снабдување со струја и заштитата од ценовни шокови се наши приоритети

Владата ги презема сите мерки за да ги заштити граѓаните од ценовни шокови и да обезбеди сигурно снабдување со електрична енергија, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во

ВЛЕН: Насилството не може да се оправда со униформа

ВЛЕН бара целосно расветлување на случајот со двајцата млади од Сарај кои пријавиле малтретирање од полициски службеници и одговорност доколку истрагата утврди пречекорување на овластувањата или прекршување на законот. Од партијата изразуваат
Go toTop