Германија: Ослободени приведените турски новинари

May 17, 2023
1 min read

KЕЛН (AA) – Германската полиција соопшти дека се ослободени претставникот на весникот „Сабах“ за Германија Ерел и директорот за вести Албај, кои беа приведени во рацијата на германската полиција во канцелариите на весникот во Франкфурт, каде што се наоѓа европскиот информативен центар на весникот „Сабах“, известува Анадолу.

Германската полиција спровела рација во домовите на Ерел и Албај и во канцелариите на европскиот информативен центар на весникот „Сабах“, при што запленила компјутери и телефони.

Не се дадени информации во врска со целта на спроведената рација.

Во ослободувањето на двајцата новинари се вклучија Министерството за надворешни работи на Туркије и организации од новинарска професионална фела.

Министерството за надворешни работи најостро го осуди неоправданото приведување на претставниците на франкфуртската канцеларија на весникот „Сабах“ од страна на германската полиција.

Во соопштението на турското МНР се истакнато дека Германија, која „на целиот свет му држи лекци“ за слободата на печатот и слободата на изразувањето, со овој акт против независниот печат го откри својот двоен стандард. Во соопштението се истакнува дека е спроведена потребната иницијатива, а силна реакција за овој немил настан во врска со приведувањето на турските новинари му е пренесена и на германскиот амбасадорот во Анкара Јирген Шулц, кој денес бил повикан во МНР во Анкара.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ердоган: Договорот за црноморскиот коридор за жито продолжен за уште два месеца

Следно

Министерството за внатрешни работи на Србија потврди: Дојавите за бомби во училиштата се лажни

Latest from Blog

Слепиот послушник и потрчко на Заев сега на услуга на Филипче, Аврамовска Мадиќ ги изготви славните измени на КЗ за спас на криминалците од СДС и ДУИ

Во СДС ништо не е сменето. И покрај смените на хартија на два претседатели, со СДС сè уште владее Зоран Заев. Тоа се гледа и од последниот избор за претседател на СДС,

Шилегов со песната „Во бестрага“ го коментираше новото раководство на СДСМ

Екс градоначалникот на Град Скопје и дел од СДСМ, Петре Шилегов на својот Фејсбук профил објави реакција по повод Централниот конгрес на СДСМ каде е избрано ново раководство. Тој ја објави песната

КК Будуќност пред финасиски колапс

Градот Подгорица деновиве го блокираше КК Будуќност поради долгови. Поради ова, Управниот одбор одржа итен состанок. На средбата е договорено претседателот Драган Бокан да разговара со претставниците на сопствениците на клубот од
Go toTop