Дојави за поставени бомби во повеќе училишта во Белград

May 17, 2023
1 min read

Во тек е проверка на училиштата од страна на припадниците на антитероростичките екипи на Министерството за внатрешни работи

Неколку училишта во Белград утринава добиле дојави за поставени експозивни направи, пренесува српскиот портал Н1 повикувајќи се на информации од Министерството за внатрешни работи.

Во тек е проверка на училиштата од страна на припадниците на антитероростичките екипи на Министерството за внатрешни работи.

Според досегашните информации на Н1, пријавите дошле до ОУ „Коста Абрашевиќ“ во Ресник и ОУ „Јован Миодраговиќ“ во Врачар, ОУ „Исидора Секулиќ“ во Савски венец и ОУ „Лаза Костиќ“ во Нов Белград.

Исто така, и во општина Обреновац утрово во 5:15 часот на електронските адреси на неколку основни училишта биле испратени анонимни пријави за поставени експлозивни направи.

Родителите на децата кои утрово посетуваат настава беа пречекани со порака да не ги носат децата на настава бидејќи има закана со бомба. По полициската проверка родителите и учениците ќе бидат информирани за нормализирање на наставата.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

(ВИДЕО) Што со функционерите кои ги (зло)употребуваат возилата – интервју со вицепремиерката Славица Грковска

Следно

Град Скопје со изведба на теренски вежби за спасување од под урнатини   16.5.2023

Latest from Blog

Ученици и наставници од скопски училишта го посетија Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова

Во посета на Кабинетот на претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова биле ученици и наставници од скопските основни училишта „Димитар Поп Георгиев – Беровски“ ,  „Киро Глигоров“, „11 Октомври“ и од училиштето „Драга

Орце Ѓорѓиевски официјално кандидат – порака за единство и подобро Скопје

Со голема чест и одговорност, Орце Ѓорѓиевски денес ја поднесе својата кандидатура за градоначалник на Скопје пред Државната изборна комисија (ДИК). Во обраќањето до граѓаните, Ѓорѓиевски истакна дека ова е почеток на

Лавовите од Престон тргнуваат на турнеа во Македонија пред Австралискиот шампионат

Сениорскиот тим на клубот Престон, ќе ја претставува заедницата и клубот во Македонија, со патувањето што започнува в понеделник, 15 септември. Турнејата ќе послужи како подготвителен тренинг камп пред Австралискиот шампионат. За
Go toTop