КАНСКИОТ ФЕСТИВАЛ МУ ОВОЗМОЖИ ГОЛЕМ КАМБЕК НА ЏОНИ ДЕП СО ПРЕМИЕРАТА НА НЕГОВИОТ НОВ ФИЛМ НА ОТВОРАЊЕТО (ФОТОГАЛЕРИЈА)

May 16, 2023
1 min read

Црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал заживеа денеска со премиерата на историската драма „Жана де Бари“ со Џони Деп во главната улога, додека француската ривиера се подготвува за доаѓањето на уште големи ѕвезди во следните денови.

Жирито го предводи шведскиот режисер Робин Остлунд (Фото: АП)

Покрај Деп, за кого ова претставува голем камбек по ланското експлозивно судење со бившата сопруга Амбер Хрд, на отворањето на 76. издание на фестивалот се појавија и Бри Ларсон, Ума Турман, Гонг Ли, Ел Фанинг, Катрин Денев и Хелен Мирен.

Ума Турман (Фото: АП)

Мајкл Даглас прошета по црвениот тепих со сопругата Кетрин Зета-Џонс и нивната ќерка Керис во пресрет на добивањето на Златната палма за животно дело.

Хелен Мирен (Фото: АП)

За главната награда Златна палма ќе одлучува жири предводено од шведскиот режисер и лански победник Робин Остлунд, а за неа ќе конкурираат 21 филм, меѓу кои и на режисерите Нани Морети, Кен Лоуч и Вим Вендерс. Во Кан ќе бидат премиерите на „Индијана Џонс 5“ и на новите филмови на Мартин Скорсезе и Вес Андерсон, „Убијците на Цветната Месечина“ и „Астероид Сити“.

Катрин Денев (Фото: АП)

Ел Фанинг (Фото: АП)

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

(ВИДЕО) „Попатно“ до партија, на митинг, во маркет и дома – масовна (зло)употреба на службени возила

Следно

Коалицијата на Кирил Петков нема да поддржи влада на ГЕРБ-СДС на чело со Марија Габриел

Latest from Blog

Ученици и наставници од скопски училишта го посетија Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова

Во посета на Кабинетот на претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова биле ученици и наставници од скопските основни училишта „Димитар Поп Георгиев – Беровски“ ,  „Киро Глигоров“, „11 Октомври“ и од училиштето „Драга

Орце Ѓорѓиевски официјално кандидат – порака за единство и подобро Скопје

Со голема чест и одговорност, Орце Ѓорѓиевски денес ја поднесе својата кандидатура за градоначалник на Скопје пред Државната изборна комисија (ДИК). Во обраќањето до граѓаните, Ѓорѓиевски истакна дека ова е почеток на

Лавовите од Престон тргнуваат на турнеа во Македонија пред Австралискиот шампионат

Сениорскиот тим на клубот Престон, ќе ја претставува заедницата и клубот во Македонија, со патувањето што започнува в понеделник, 15 септември. Турнејата ќе послужи како подготвителен тренинг камп пред Австралискиот шампионат. За
Go toTop