Гласањето во Турција заврши без посериозни проблеми

May 14, 2023
1 min read

Претседателот на Врховната изборна комисија на Турција (ЈСК) Ахмет Јенер изјави дека изборниот процес е завршен и оти досега не е забележана негативна ситуација, пренесува агенцијата Анадолија.

„Изборниот процес за претседателските и парламентарните избори е завршен. Не евидентиравме никаква негативна ситуација“,

изјави Јенер.

Сепак, тој истакна дека во текот на изборниот процес еден набљудувач и двајца граѓани починале како последица на инфаркт и изрази сочувство до семејствата на починатите. Јенер изрази благодарност до сите политички партии кои придонесоа за изборите, набљудувачите, претставниците на медиумите и сите други кои придонесоа за изборниот процес.

Инаку, главната партија ривал на актуелниот турски претседател Реџеп Тајип Ердоган очекува рекордна излезност на парламентарните и претседателски избори во земјата, според Чанан Кафтанџиоглу од партијата ЦХП, пренесе ДПА. Според анкетите, се очекува тесна трка меѓу Ердоган и претседателскиот кандидат на ЦХП, Кемал Киличдароглу.

За некој од кандидатите денеска да обезбеди целосна победа, ќе му требаат повеќе од 50 отсто од гласовите. Меѓутоа, доколку ниту еден од четворицата кандидати за претседател на Турција не освои повеќе од 50 отсто од гласовите, вториот круг од изборите ќе се одржи на 28 мај.

Денешните избори се одржуваат во исклучително тешко време за земјата, кога растечката инфлација достигна 44 отсто, иако многумина мислат дека е и повисока, а дури 11 провинции се справуваат со последиците од најуништувачкиот земјотрес во овој век.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

ЕУ го поздрави прекинот на огнот во Газа

Следно

Ердоган со рано водство, но се очекува разликата да се намалува

Latest from Blog

Џон Малкович за аферата со убавата Мишел Фајфер: Кога ќе ја преминете границата, нема враќање

 Двајцата биле во брак во тоа време, а нивната романса од снимањето се прелеала и во реалниот живот. Во историската романса од 1988 година, режирана од Стивен Фрирс, Малкович и Фајфер ги

Зи-Зу веќе има договор и наскоро седнува на селекторската клупа на Франција

Француската фудбалска федерација постигна принципиелен договор со Зинедин Зидан за негово назначување за главен селектор на националниот тим, објави „Ел Национал“. Како што беше претходно објавено, 53-годишниот специјалист ќе го замени Дидие
Go toTop