Соседите раскажуваат детали за нападот во Србија во кој 13-годишник повреди мајка и син

May 14, 2023
1 min read

Повредените мајка и син се хоспитализирани во тешка состојба

По нападот во кој 13-годишник со нож и со секира повреди мајка и син во селото Радоево во Србија, српските медиуми денеска пренесуваат детали за повредените и за тоа што слушнале соседите.

Соседите од селото Радоево велат дека слушнале како повреденото момче, 17-годишниот М.С. трчало по улицата и викало. Потоа М.С. бил пронајден на улицата „Маршал Тито“ со убодни рани во стомакот, пренесува српскиот медиум „Блиц“.

Мајката на 17-годишниот М.С., 57-годишната В.С., била најдена во својот дом со повреди на главата.  

Локалните жители, како што пренесува „Блиц“ велат дека на седумнаесетгодишното момче му била отстранета слезината, а му биле оштетени црниот дроб и белите дробови.

„Неговата мајка е на неврохирургија во Нови Сад бидејќи поради ударите ќе мора да оди на уште една операција. Мајката скоро беше оперирана од рак. Синот оди во средно училиште во Зрењанин“,

вели мештанката.

Дел од српските портали пишуваат дека пред два дена малолетниот напаѓач бил со повредениот М.С., со кој наводно се дружеле.

„Малолетниот напаѓач во последно време живее со баба му. Оставен е сам на себе, едно од пет деца е“,

вели еден од соседите.

Другите соседи немале добро мислење за него затоа што, наводно, крадел низ селото.

„Без разлика, никој не разбира како можел да отиде толку далеку. Во селото велат дека има над 20 пријави во полиција, но тој е уште дете и не одговара“,

додаваат соседите на повредената жена и нејзиниот син.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Туркије: Ердоган и сопругата Емине го честитаа Денот на мајките

Следно

Камавинга ќе може да игра против Манчестер Сити

Latest from Blog

Ѓорѓиевски претстави проект за младите: мобилност, култура и заштеда со „SKOPJE CITY GO“

Градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го презентира новиот проект „SKOPJE CITY GO“, наменет за младите и сите граѓани на Скопје. „SKOPJE CITY GO“ е

ВРЕДИ: ДУИ пред избори зборува за чист воздух, додека 20 години го труеше народот

Коалицијата Вреди остро ја обвини ДУИ дека две децении наназад го разнебитувала системот и ги оставила граѓаните да живеат во корупција и загадување. „ДУИ, која две децении по ред ги труеше граѓаните

Ѓорѓиевски: Институциите итно да ги санкционираат предизвикувачите на пожарот

После повеќе од 15 часа борба со огнената стихија во Трубарево, градоначалникот на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, информира дека пожарот е целосно изгаснат, со исклучок на неколку ситни
Go toTop