(ВИДЕО) Уапсени се најголемите дилери на кокаин од регионот, соопшти српската полиција

May 11, 2023
1 min read

Српското МВР во координација со Европол уапсиле 13 лица, членови на организирана криминална група составена од неколку независни ќелии, кои функционирале како балкански картел

ФОТО: Министерство за внатрешни работи на Србија

Во голема полициска акција во Србија уапсени се водачи на балкански картел кој во последните години организирал шверц на повеќе од седум тони кокаин во Европа, тврдат официјални лица од српското МВР.

„Уапсените во Србија се најголемите шверцери на кокаин од Балканот. Од 13 уапсени, тројца се веќе во затвор. Претресени се повеќе од 20 локации каде е пронајдена поголема сума пари и оружје. Работата на овој случај се уште трае“,

изјави на прес конференција шефот на Управата на криминалистичката полиција на Србија, Нинослав Цмолиќ.

Цмолиќ рече дека во координација со Европол уапсени се 13 лица, членови на организирана криминална група составена од неколку независни ќелии, кои функционирале како балкански картел.

„Во соработка со Европол, Србија успеа да ги идентификува клучните цели на нејзината територија и да ги мапира нивните криминални активности низ светот. Се верува дека овој картел стои зад пратките од повеќе тони кокаин кои во Европа пристигнале од Колумбија, Бразил, Еквадор, но и преку Западна Африка како логистичка транзитна поддршка“,

рече Цмолиќ.

Според него, таа меѓународна акција резултирала со отстранување на најголемата криминална организација за трговија со дрога од Балканот.

Лицата биле уапсени во акција спроведена во повеќе градови во Србија.

Цмолиќ рече дека на територијата на Србија уапсени се М.С. и М.Л., осомничени дека се организатори на криминална група и уште 11 лица осомничени дека се водачи на независни ќелии на криминална организација.

Како што рече Цмолиќ, информациите од мобилната апликација „Скај“ биле клучни за разоткривање на картелот.

„Благодарение на анализата направена врз основа на податоците од апликацијата ‘Скај’, најмалку седум тони кокаин запленети во текот на 2020 година се поврзани со лидерите уапсени денес и претходно уапсените членови на споменатиот картел, а тоа се запленети пет тони кокаин во Аруба, Холандски Антили, 1,2 тони кокаин запленети во Хаселт, Белгија, како и 743 килограми кокаин запленети во Ротердам, Холандија“,

рече Цмолиќ.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Експлозија во висококатница во Германија, повредни полицајци и пожарникари

Следно

Казната на Јувентус ќе биде преразгледана на 22 мај

Latest from Blog

Евровизија пропаѓа: Уште еден победник го враќа трофејот поради учеството на Израел (ВИДЕО)

Откако победникот на Евровизија 2024, Немо, јавно објави дека го враќа својот победнички трофеј на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), друг победник на Евровизија одлучи да го стори истото. Тоа е ирскиот пејач

ФОТО: Дали имате природен магнетизам? Првото нешто што го забележувате открива дали…

Овој интересен визуелен тест ја користи перцепцијата како забавен начин за да ѕирнете во вашиот внатрешен свет. Ве повикува да истражите како вашите први импресии од една едноставна слика може да ги

Митева: Денешниот настап на СДС претставува сериозна штета за медиумскиот простор во Македонија кој мора да биде јасно осуден

Како човек кој секојдневно е во директна комуникација со Вас, медиумите и новинарите, чувствувам обврска јавно да реагирам. Премолчувањето во вакви ситуации би значело дека се откажуваме од одговорноста што ја имаме

Хаос во Индија: Само што си замина Меси – на теренот летаа шишиња (ВИДЕО)

Посетата на Лионел Меси на Индија беше одбележана со инцидент во Калкута, каде што настана хаос откако незадоволни навивачи влетаа на теренот на стадионот „Солт Лејк“, објавија локалните медиуми. По пристигнувањето во
Go toTop