Експлозија во висококатница во Германија, повредни полицајци и пожарникари

1 min read

Уапсен е 60-годишен маж кој се сомничи дека намерно го активирал експлозивот при што се повредени пожарникари и полицајци, а за кој полицијата вели дека е теоретичар на заговор и кој го негира коронавирусот

Дванаесет полицајци и пожарникари се повредени денеска во експлозија во станбена зграда во градот Ратинген во западна Германија, соопшти полицијата. Полицијата и пожарникарите биле повикани да му помогнат на лице кое било немоќно, а кога пристигнале на вратата од станот одекнала експлозија.

Некои од пожарникарите и полицајците се тешко повредени.

По екслозијата специјалци упаднале во станот и уапсиле 60-годишен маж кој се сомничи дека намерно го активирал експлозивот при што се повредени пожарникари и полицајци. Регионалниот министер за внатрешни работи објави дека лицето кое е уапсено е теоретичар на заговор и кој го негира коронавирусот.

Во станот е пронајдено и мртво тело на жена, чиј идентитет се уште не е познат.

Германската РТЛ пренесува дека уапсениот е пренесен во болница и тешко е повреден иако не е јасно дали повредата настанала при апсењето или од претходната експлозија во станот.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Милан без Бенасер до крајот на сезоната

Следно

(ВИДЕО) Уапсени се најголемите дилери на кокаин од регионот, соопшти српската полиција

Latest from Blog

КАРЛЕУША ОВА НЕ ГО ОБЈАВУВА НА ИНСТАГРАМ: Пејачката уловена од туристи на плажа во Дубаи, минијатурната танга не и заврши работа да покрие тоа што требаше (ФОТО)

Јелена изгледаше многу задоволно, а нејзиниот изглед предизвика воздишки кај многумина. Во бикини кое го открива