(ФОТО+ВИДЕО) Авионот со двa пропелери што се урна во Непал бил стар 15 години: Спасувачите губат надеж дека има преживеани 

January 15, 2023
2 mins read

Моменталниот број на загинати лица во несреќата, според непалските власти, е 68, што соодвествува на бројот на патници што летале со авионот на компанијата „Јети ерлајнс“ кон главниот град на Непал, Катманду. Според компанијата, во авионот имало вкупно 72 лица – 68 патници и четворица членови на екипажот

Воздухопловната индустрија во Непал, пишува Гардијан, имала економски напредок во последниве години, носејќи стоки и луѓе на тешко достапни области, како и странски туристи и планинари, но, исто така, е и на лош глас поради небезбедност, која пред сè се должи на недоволната обука на пилотите и одржувањето на авионите. Европската Унија, како што наведува британскиот весник, ги забрани сите авиокомпании од Непал во нејзиниот воздушен простор токму од безбедносни причини

Безживотните тела на најмалку 68 лица се извлечени во Непал по уривањето на патнички авион во близна на градот Похара во централниот дел на земјата.  

Ова воедно и е моменталниот број на загинати во, како што наведува „Гардијан“, најсмртоносната авионска катастрофа во хималајската земја во последните три децении. 

Остатоци од авионот што се урна во клисура во близина градот Похара во Непал/Фото: EPA-EFE/BIJAYA NEUPANE

Таа соодветствува на бројот на патници што летале со авионот на компанијата „Јети ерлајнс“ за главниот град на земјата Катманду. Имено, според компанијата која го организирала летот, во урнатиот авион имало вкупно 72 лица, од кои 68 патници и четворица членови на екипажот. 

Според претставник на аеродромот, меѓу патниците имало и 15 странски државјани, од кои еден Австралиец, еден Французин, еден Аргентинец, четворица Руси, петмина Индијци, двајца Јужнокорејци и едно лице од Ирска. 

Како што пренесуваат медиумите, извлекувањето на телата се одвива многу тешко бидејќи авионот се урна во клисура долга 300 метри.  

Авионот со двоен пропелер, кој бил стар 15 години, патувал од главниот град Катманду до градот Похара во централен Непал, популарна порта кон Хималајските планини за верските аџии и меѓународните патници, наведува „Гардијан“. 

По падот, авионот се запалил, поради што спасувачите кои први пристигнале на местото прво морале да се справуваат со оганот, а потоа да трагаат по евентуални преживеани и извлекување на телата на настраданите.

„Сите агенции сега се фокусирани прво да го изгаснат пожарот и да ги спасат патниците“,

изјави локалниот претставник Гурудута Дакал. 

Локалната жителка Девета Кал за Би-би-си изјавила дека веднаш се упатила на местото на несреќата откако забележала како авионот паѓа кон земјата. 

 „Кога стигнав таму, местото на несреќата веќе беше преполно. Имаше огромен чад што доаѓаше од пламенот на авионот. А потоа за кратко време дојдоа хеликоптери“,

рече таа. 

Непалскиот премиер Пушпа Камал Дахал свика итен состанок по несреќата. Владата на Непал, исто така, формираше петчлена истражна комисија која треба да ги утврди причините за падот на авионот. 

На видеo-снимка објавена на социјалните мрежи се гледа како авионот лета ниско над населено место пред да направи нагло свртување.

Стотици непалски војници се вклучени во операцијата на местото на несреќата во клисурата Сети, на само еден ипол километар од аеродромот. 

Воздухопловната индустрија во Непал, како што наведува Гардијан, имала економски напредок во последниве години, носејќи стоки и луѓе меѓу тешко достапни области, како и странски туристи и планинари, но, исто така е и на лош глас поради небезбедност, која пред сè се должи на недоволната обука на пилотите и одржувањето на авионите.    

Авион на „Тара Ер“ се урна во мај 2022 година во северниот непалски округ Мустанг, при што загинаа 22 лица.  

На почетокот на 2018 година, 51 лице загина кога авион кој сообраќаше од Дака во Бангладеш се запали при слетувањето во Катманду. 

Европската Унија, како што наведува Гардијан, ги забрани сите авиокомпании од Непал во нејзиниот воздушен простор токму поради загриженост за нивната безбедност.

Хималајската земја, исто така, има некои од најоддалечените и најнезгодни писти во светот, опкружени со планински врвови покриени со снег и пристапи кои претставуваат предизвик дури и за искусни пилоти.

Операторите на авиони велат дека Непал нема инфраструктура за точни временски прогнози, особено во оддалечените области со тежок планински терен каде што во минатото се случувале смртоносни несреќи. Дополнителна тешкотија создаваат брзите промени на времето во планините.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

МНР побара Софија да се огради од недоличните изјави на Џамбаски и на Костадинов

Следно

Почна пријавувањето за 24. Меѓународен фестивал на карикатура и афоризам „Струмица 2023“

Latest from Blog

Лина Ѓорческа елиминирана на турнирот во Словенија

Најдобрата македонска тенисерка во второто коло го заврши настапот на турнирот во Словенија откако претрпе пораз од грузиската тенисерка Екатерина Горгодѕе со 2-1 во сетови. Првиот сет припадна на Горгодѕе со резултат 7-5,

Љутков ги остави без плата вработените во културата на Велигден

Вработените во културата во Република Северна Македонија реагираат со соопштение затоа што министерот за култура Љутков ги остави без плата на Велигден. Соопштението го пренесуваме во целост. „Вработените во културата во Република

Јајцата може да поскапат од 1 мај

Цените на јајцата во Европската унија продолжуваат да растат, при што во март 2025 година се забележа просечно зголемување од 6,7% во споредба со истиот период минатата година, според податоците на Евростат.​

Вучиќ: Не смее да продолжи блокадата на РТС

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во објава на Инстаграм порача дека не смее да се продолжи со блокада на Радио-телевизија Србија и дека државата ќе има сила да го заштити уставниот поредок.
Go toTop