Мицкоски: Ја стабилизираме економијата, трговската размена во пораст

September 6, 2025
1 min read

Најновите податоци го потврдуваат она за кое се залагаме – ја стабилизираме економијата, создаваме услови за економија која оди напред, граѓаните имаат повеќе работа, а трговската размена е во пораст, напиша премиерот Христијан Мицкоски денеска во објава на Фејсбук.

– Стапката на невработеност е намалена на 11,5 проценти, што е за 1 процент помалку во однос на истиот квартал лани. Во споредба со вториот квартал од 2024 година, денес имаме околу 10.000 нови вработени и над 7.000 помалку невработени. Тоа се илјадници семејства со поголема сигурност и иднина.
Добра вест е и надворешната трговија: во јули извозот порасна за 4,69 проценти, додека увозот за 4,35 проценти. Во периодот јануари–јули, извозот е зголемен за 5,41 проценти, а увозот за 4,83 проценти, стои во објавата.

Мицкоски посочува дека вкупната трговска размена во делот на увозот во првите седум месеци е поголема за 5,07 проценти во однос на истиот период минатата година.

– Ова се реални резултати од одговорни политики. Додека опозицијата шири црнила и се надева на неуспех, ние испорачуваме резултати. Додека тие блокираат и кочат, ние градиме и носиме подобар стандард за секое семејство. Македонија оди напред – со повеќе работни места, посилен извоз и стабилна економија. Ова е времето на работа, резултати и развој, наведува Мицкоски во објавата на „Фејсбук“.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меџити: Видливи инвестиции за секојдневниот живот на жителите во Чаир

Следно

Јаглики: Сè што треба да знаете за одгледувањето, но и употребата во градината, кујната и козметиката

Latest from Blog

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop