ВЛАДАТА ПРЕДЛАГА ДА СЕ ВОВЕДАТ НОВИ ДРЖАВНИ НАГРАДИ ПОСВЕТЕНИ НА ЛИНГВИСТИТЕ БЛАЖЕ КОНЕСКИ И РЕМЗИ НЕСИМИ

May 3, 2023
1 min read

По предлог на Министерството за култура, Владата го утврди текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот државните награди, со што предлага воведување две нови државни награди  „Блаже Конески“ и „Ремзи Несими“, соопшти Владата по вчерашната седница.

На иницијатива од Советот за македонски јазик, се предлага да се востанови нова државна награда што ќе го носи името на Блаже Конески, основач на современата македонска наука за јазикот, лингвист, литературен и културен историчар, поет, прозаист и преведувач. Со оваа награда ќе се оддава признание за високи стручни и научни достигнувања од областа на македонскиот јазик во земјава и во странство.

По иницијатива на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, пак, како што стои во предлогот на Министерството за култура, се предлага да се востанови уште една нова државна награда – за оддавање признание за високи стручни и научни достигнувања од областа на албанскиот јазик и албанологијата во земјава. Се предлага да го носи името на Ремзи Несими – лингвист, просветен работник и учесник на Конгресот за правописот на албанскиот јазик во 1972 година.

Владата на вчерашната седница го усвои и Предлог-законот за употреба на македонскиот јазик чиј предлагач е Министерството за култура, кој понатаму оди во собраниска процедура.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Познат идентитетот на убиецот од Врачар: Коста Кецмановиќ, кој уби најмалку шест соученици, учествувал на многу училишни натпревари

Следно

Синдикатот на докторите на Судан: Во судирите загинаа 447 цивили

Latest from Blog

Меџити со честитка за Курбан Бајрам: Најголемата сила е во добрината

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на ВЛЕН, Изет Меџити, по повод Курбан Бајрам упати честитка до верниците, нагласувајќи дека празникот носи пораки за вера, солидарност и меѓусебна грижа. „Во денот на

Коњановски испрати порака за единство и хуманост по повод Курбан Бајрам

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, упати честитка до граѓаните од муслиманска вероисповед по повод големиот верски празник Курбан Бајрам, посакувајќи им добро здравје, среќа и благосостојба. Во својата порака, Коњановски истакна дека

Десетици луѓе се убиени во израелски напади низ јужен и источен Либан

Најмалку 21 лице загина во последните напади, вклучувајќи неколку деца, соопшти либанско министерство за здравство.Израелската војска информираше  дека погодила повеќе од 100 инфраструктурни објекти , а убиени се и борци на Хезболах
Go toTop