Вучиќ по средбата во Брисел: Денеска првпат удривме во ѕид, Приштина не сака да ја исполни обврската за формирање на ЗСО

May 2, 2023
2 mins read

Зборувајќи за претходно постигнатите договори во Брисел и Охрид, српскиот претседател рече дека мора да се исполни обврската за формирање на ЗСО и дека Србија ќе учествува во спроведувањето на најголемиот дел од напишаното таму

Претседателот на Србија Александар Вучиќ, изјави дека денеска имал тешки средби во Брисел и дека е многу загрижен бидејќи за клучното прашање за формирањето на ЗСО Приштина не сака да ја исполни својата обврска од пред 10 години.

„Го знаев тоа, но денеска првпат удривме во ѕид и беше јасно од моментот кога беше воведен Нацртот и начинот на кој се обидоа да ги понижат двете жени кои го направија тоа, до нивната реакција потоа, дека тоа е неприфатливо од нив“,

изјави Александар Вучиќ по денешната средба и додаде дека од Приштина велат дека тоа не е во согласност со косовскиот устав, пренесува „Еуроњуз“.

Сите членови од Нацрт-статутот јасно се однесуваат на претходно договорени членови од 2013 и 2015 година, наведе тој.

„Ќе слушнете безброј изговори и работи, но суштината е ова“,

рече Вучиќ.

Тој посочи и дека потоа дошле до третата точка, која била еднакво важна, а тоа е „актуелната состојба по срамните и нелегитимни избори на цело Косово и Метохија“.

„Како да се надмине ситуацијата, бидејќи станува збор за длабока делегитимација. ЕУ излезе со свој предлог, јас го прифатив, Приштина го одби и тој предлог. Се надевам дека до следниот круг на техничко ниво ќе има реакции од други кои би можеле да влијаат на промена на таквите ставови. Инаку се плашам дека сите сме во голем ќорсокак. Не сум оптимист, но можам да ветам во име на Србија дека ќе дадеме се од себе да ги зачуваме мирот и стабилноста“,

рече српскиот претседател.

Тој изрази надеж дека разговорите ќе продолжат и дека во иднина ќе можат да прифатат некои решенија.

„Не зборувавме за нивниот правен систем, туку за нешто каде што и едниот и другиот треба да дојдат до компромис. Тие сега се откажуваат од сите принципи и велат – не може ниту еден затоа што така им кажал Уставниот суд. Ако сакате така да играте, тогаш нема смисла сериозно да се прифати вашиот аргумент. Или ќе се прифати договореното во 2013 и 2015 година, или се е готово“,

рече Вучиќ.

Како што рече, сè сега внесува дополнителни проблеми и немири во животот на луѓето.

„Знам дека кога ќе го слушнат ова, се радуваат и екстремните Албанци и екстремните Срби. Никогаш не се радувам кога нема договор, не ме радува тоа бидејќи договорот и компромисот не се грди зборови, тоа се убави работи. Мора да се соочите со тоа и да продолжите да го барате. Дали го гледам – ​​не, бидејќи никој од нас четворицата вечерва не видовме решение, се разделивме, надевајќи се дека ќе го најдеме во деновите што следат“,

додаде тој.

Зборувајќи за претходно постигнатите договори во Брисел и Охрид, српскиот претседател рече дека мора да се исполни обврската за формирање на ЗСО и дека Србија ќе учествува во спроведувањето на најголемиот дел од напишаното таму.

Денеска се одржа нова рунда дијалог меѓу Белград и Приштина на највисоко ниво. На средбата учествуваа српскиот претседател Александар Вучиќ, косовскиот премиер Албин Курти, како и европските посредници. Ова е нивна прва средба по 45 дена и постигнатиот договор во Охрид за имплементацискиот анекс на европскиот договор за нормализација на односите.

На почетокот на средбата, Вучиќ и Курти ја усвоија Декларацијата за исчезнати лица.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Вучиќ и Курти се сретнаа во Брисел, ја усвоија Декларацијата за исчезнатите

Следно

Кинескиот МНР се сретна со лидерот на воената хунта во Мјанмар, првпат по државниот удар

Latest from Blog

Меси сака да игра на Мундијалот, но само под еден услов што самиот си го поставил

Аргентинската фудбалска ѕвезда, 38-годишниот Лионел Меси, изјави дека се надева оти ќе игра на Светското првенство во 2026 година, но дека конечната одлука ќе ја донесе дури кога ќе биде сигурен дека

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, дел од врвното тело на ФИФА за Олимписки фудбал

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, е именуван за член на Олимпискиот фудбалски комитет на ФИФА. Овој комитет, кој функционира под покровителство на Советот на ФИФА, има клучна улога во

Силни поплави го погодија централен Виетнам, туристите евакуирани со брод

Централен Виетнам е погоден од поплави предизвикани од обилни дождови, особено во популарните туристички дестинации Хуе и Хој Ан, објави денес владината Агенција за управување со катастрофи. За 24 часа, врнежите надминаа
Go toTop