Град Скопје домаќин на “Денови на електротехника“ 02.5.2023

May 2, 2023
1 min read

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска во средното училиште на Град Скопје „Михајло Пупин“ ја отвори манифестацијата „Денови на електротехника“, манифестација која се одржува со цел да се промовира електротехничката струка и средното стручно образование. Во следните неколку денови во училиштето се организира натпревар на ученици од 22 средни училишта по предметот физика, не само од Град Скопје, туку и од останатите градови од Македонија.

– Средното стручно образование е иднината и навистина сум горда што имаме 23 скопски средни училишта кои продуцираат кадри, кои навистина се квалитетни, добри, професионални и од она што понатаму гледаме од нивниот кариерен развој дека се успешни. Затоа би сакала, да ги охрабрам учениците, кои се нашата иднина, како и наставниот кадар, професорите, директорите, кои се залагаат нашите деца да бидат што е можно подобри да продолжат со добрата работа. Воедно ги охрабрувам и општествено одговорните компании се повеќе да инвестираат во учениците и училиштата, затоа што така инвестираат во сопствените кадри, но исто така и во иднината на Македонија, затоа што младите се нашата иднина – истакна Арсовска.

 Вкупно 66 ученици од 22 училишта се натпреваруваат на тема електротехника по предметот физика.

“Деновите на електротехника“ траат од 2 до 6 мај, а финалето на натпреварот по физика ќе се одржи во најсовремена лабораторија по електротехника со професионална опрема.

ИЗВОР: skopje.gov.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонските фудбалерки против Бугарија и Косово во Лигата на нации

Следно

Евакуација на цивилите од украинскиот округ Покровск

Latest from Blog

ЗА ПРВ ПАТ СИТЕ ДЕТАЛИ ОД ПОЖАРОТ ВО КРАН МОНТАНА: Обвинети за “Убиство од небрежност!“

Сопствениците на швајцарски бар каде што 40 лица ги загубија животите во пожар на новогодишната ноќ раскажаа како келнерка за која верувале дека е „поќерка“ се задушила „во куп тела зад заклучена

Ретрограден Меркур во 2026: Три клучни датуми што можат да донесат хаос или можност

Ако мислевте дека изгубените клучеви, погрешно испратените пораки и техничките неуспеси се минато, астролозите имаат вести за вас. Годината 2026 носи три интензивни ретроградни циклуси на Меркур што ќе ја тестираат вашата
Go toTop