Ердоган: МИТ во Сирија го неутрализираше лидерот на ДЕАШ, Абу ал-Хусеин ал-Кураши

May 1, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека Разузнавачката служба на Туркије (МИТ) со успешна операција во Сирија го неутрализирала лидерот на терористите на ДЕАШ, Абу ал-Хусеин ал-Кураши, известува Анадолу.

Ердоган гостуваше во заедничката програма во живо што ја емитуваа повеќе турски телевизиски канали и во таа прилика зборуваше за борбата против тероризмот.

Тој рече дека со јавноста сака да сподели една вест која потврдува дека неговата земја е одлучна во борбата против тероризмот.

„Нашата Национална разузнавачка служба (МИТ) веќе подолго време го следеше т.н. лидер на ДЕАШ, со кодно име Абу ал-Хусеин ал-Кураши. Ова лице вчера е неутрализирано со операција што ја изведе Националната разузнавачка служба во Сирија“, рече Ердоган.

Турскиот претседател подвлече дека неговата земја ќе ја продолжи борбата против секој вид тероризам, без правење какви било разлики.

„Кога САД ги неутрализираат шефовите на ДЕАШ од овој вид, шефовите на терористичките организации, тие го дигаат светот на нозе. Еве, сега ние неутрализиравме не еден, не два, не три, туку мноштво терористи поврзани со ДЕАШ. Неутрализиравме и мноштво терористи поврзани со ПКК“, додаде Ердоган.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Баерн Минхен прави трансфер на напаѓач на Астон Вила и ќе плати 70 милиони евра

Следно

Осумгодишник силуван од двајца малолетници помлади од 14 години

Latest from Blog

Два инциденти за помалку од 24 часа: Уште еден воз излета од шините во Англија

Според фотографиите од местото на настанот, возот со девет вагони излетал од шините и удрил во надземна жичана греда кога застанал, објавува Телеграф. Излетувањето од шините се случило само неколку часа откако

Водата во Демир Капија е забранета за пиење

Водата од јавниот водовод во Демир Капија е забранета за пиење и подготвување храна, објавија попладнево од јавното комунално претпријатие „Бошава”. Како што информираат оттаму, анализите на примероците земени во понеделникот и

ВЛЕН: 25 години по Охридскиот договор, еднаквоста се претвора во закони, а развојот во конкретни инвестиции

По повод 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, коалицијата ВЛЕН, како дел од Владата, организираше повеќе панели и активности посветени на децентрализацијата, локалниот развој, еднаквоста и европската иднина на земјата. На
Go toTop