Српски автобус се превртел на пат за Будимпешта, 15 туристи повредени

April 30, 2023
1 min read

Тешка сообраќајна несреќа, но за среќа без изгубени човечки животи се случила рано утрото на автопатот 53 во Унгарија. Автобус кој превезувал педесетина туристи од Белград кои сакале да ги поминат првомајските празници во Будимпешта излетал од автопатот во близина на гратчето Кишкунхалаш и се превртел. Најверојатно за да избегне друго возило, автобусот во полна брзина тргнал во спротивна насока и потоа се превртел.

ФОТО: Роберт Фулоп градоначалник на Кишкунхалаш

Српските медиуми пренесуваат дека 15 лица се повредени, но ниту едно од нив потешко. Екипи за спасување бргу пристигнале на местото на настанот и ги скршила стаклата за да ги извлечат патниците. На местото на настанот дошол и сопственикот на агенцијата преку која патувале. Тој изјавил дека во болница биле пренесени возачот и еден од патниците а според унгарските медиуми, меѓу во болница биле пренесени и две дечиња.

ФОТО: Роберт Фулоп градоначалник на Кишкунхалаш

Најголем дел од патниците, решиле да почекаат нов автобус и го продолжиле туристичкото патување до Будимпешта. Дваесетина се вратиле во Белград.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Ставањето на тапет на судијата што го спаси Мијалков е можна причина за хаосот во Судски совет, смета судијката Вера Коцо

Следно

Арсенал ќе биде активен на фудбалскиот пазар оваа лето

Latest from Blog

Втор круг локални избори во 18 општини на Косово, воведени дополнителни безбедносни мерки

Во 18 од 38-те општини во Косово, вклучувајќи го и главниот град Приштина, денеска се одржува втор круг од локалните избори, при што полицијата и обвинителството најавија дополнителни мерки со цел да

Го празнуваме Светиот маченик Нестор

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 27 октомври. Светиот маченик Нестор Во времето на страдањето на Св. Димитриј Мироточивиот во Солун живееше еден млад човек Нестор, којшто на верата се
Go toTop