Втор круг локални избори во 18 општини на Косово, воведени дополнителни безбедносни мерки

November 9, 2025
1 min read

Во 18 од 38-те општини во Косово, вклучувајќи го и главниот град Приштина, денеска се одржува втор круг од локалните избори, при што полицијата и обвинителството најавија дополнителни мерки со цел да се обезбеди мирно одвивање на изборниот процес, јавува Косовското радио и телевизија.

По првиот круг од локалните избори во Косово, кој се одржа на 12 октомври, стана јасно дека во 18 општини во земјата ќе има втор круг. Тоа се главниот град Приштина, општините Вуштри (Вучитрн) и Јужна Митровица во Северно Косово; Фуше Косово и Обилич во Централно Косово; Клина, Јуник и Пеја (Пеќ) во Западно Косово; Ѓакова (Ѓаковица), Раховец, Драгаш (Краковишта), Сухарека и Призрен во Југозападно Косово; Ѓилан (Гњилане), Мамуша, Витија (Витина) и Качаник во Југоисточно Косово.

Во главниот град Приштина на гласање во вториот круг одат досегашниот градоначалник Парпарим Рама од десноцентристичкиот Демократски сојуз на Косово и Хајрула Чеку од владејачкото левонационалистичко Движење „Самоопределување“, кој во моментов е министер за култура.

Косовското обвинителство во петокот објави дека ќе распореди 80 обвинители од целата земја во општините каде што се гласа денеска, со цел да се преземат адекватни и навремени мерки во случај на неправилности во изборниот процес.

Косовската полиција, исто така, соопшти дека вовела посебен оперативен план за спроведување на вториот круг од изборите, во рамките на кој на терен се распоредени дополнителни полициски службеници и координатори и се спроведени дополнителни обуки за да се обезбеди мирно одвивање на изборниот процес. 

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ново шоу и нов рекорд за Меси во победата над Интер Мајами (ВИДЕО)

Следно

Коњановски ги поздрави учесниците на џип турнејата на Пелистер

Latest from Blog

Божиновска на увид во изградбата: Гасоводниот интерконектор со Грција напредува со забрзано темпо

Гасоводниот интерконектор кон Грција влегува во значително поинтензивна фаза на реализација. По интензивната координација меѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, НОМАГАС и грчкиот оператор ДЕСФА, динамиката на изградбата е засилена,

Проданоски: Прилеп доби модерен Центар за услуги – над 350 услуги за граѓаните на едно место

Прилеп е меѓу првите градови во државата каде што е отворен Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, со што граѓаните ќе добијат побрз, поедноставен и поефикасен пристап до голем број

Денеска на Мундијалот: Европскиот првак на мегдан со силната Белгија

ФОТО:.facebook.com/SeFutbol/ Шпанија која на овој турнир влезе како најголем фаворит вечерва против Белгија, селекција која ги “збриша“ Американците во меч кој ќе го противникот на Франција во полуфиналето. „Фуријата“ сеуште нема примено

Путин ги отфрла повиците за мировни преговори, се подготвува за нови офанзиви

Рускиот претседател Владимир Путин ги отфрла повиците за мировни преговори со Украина и е решен да ја продолжи воената кампања, велат извори од Кремљ за Ројтерс.  Коментарите доаѓаат откако Трамп во понеделникот
Go toTop