Фото | Сведоштво на мајка и ќерка од скопско: Со тупаници и стапало нѐ удираше во лице, а уште шета слободно

April 29, 2023
1 min read

Скопјанката Мелиса Захитовиќ која заедно со нејзината мајка биле натепани во нивниот двор од страна на сосед, преку социјалните мрежи посочува дека насилникот е се уште на слобода. Реакцијата доаѓа откако од Министерството за внатрешни работи информираа дека лицето е уапсено. Захитовиќ прашува колкумина треба да бидат нападнати за да државата реагира.

„Државо? Насилникот кој мене и мојата мајка физички брутално не нападна во мојот двор на 27.04. 2023г., удирајќи не со тупаници и со нозе, влечејќи не за коса и удирајќи не со стопалото во лице, е на слобода и се шета слободно. Уште колку лица треба да бидат физички нападнати од тој монструм, за оваа држава да реагира??“, сведочи Захитовиќ.

Таа вели дека живеат во страв, чекајќи на институциите да реагираат. Според неа, добиваат и закани.

Од МВР претходно информираа дека насилникот е уапсен.

„Веднаш по добиената пријава од М.З. дека на 27.04.2023 во дворот пред нејзиниот дом во Петровец била физички нападната од Е.Л. од Петровец, кој потоа ја нападнал и нејзината мајка З.З., преземени се соодветни мерки и активности. Е.Л. е лишен од слобода и во службен разговор во полициска станица го признал делото. Известен е јавен обвинител и против Е.Л. по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело насилство по чл.386 од КЗ“, се вели во соопштението од полицијата. 

 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Грковска очекува надлежните да покренат постапки за случувањата во Судскиот совет

Следно

Расфрланите мртви тела на подот во загрепската болница можно е да се подметната сцена – вели градоначалникот Томашевиќ

Latest from Blog

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, одронот кај село Колари е отстранет

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. АМСМ соопшти дека сообраќајот на патниот правец Кичево – Гостивар целосно е нормализиран  претпладне во 10:30 часот, откако екипи на

СДСМ го осуди „навредливото однесување на Вучиќ“ кон Шекеринска

„СДСМ го осудува навредливото однесување на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на маргините на Минхенската безбедносна конференција 2026 година. Познат по тоа што ги навредува сите оние кои не ги делат неговите

Божиновска за Faktor.mk: Македонија започнува најголем енергетски инвестициски циклус

Пишува: Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини Планот за изградба на енергетски објекти за 2026 година драстично ќе ја смени сликата на енергетиката во Македонија. Тој предвидува изградба на
Go toTop