Најмалку 10 загинати во руските ракетни напади врз украинските градови во текот на ноќта

April 28, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Бројот на загинати во серијата руски ракетни напади врз украинските градови се искачи на 10, соопшти денес украинскиот министер за внатрешни работи Ихор Клименко, пренесува Анадолу.

Преку Фејсбук, Клименко рече дека Русија утрово извршила ракетни напади врз градовите Днипро, Уман и Украинка.

Како што истакна, еден од проектилите погодил стан и магацински објект во Уман, на околу 190 километри јужно од главниот град Киев.

„Десет лица, меѓу кои и деца, ги загубија животите во нападите, а 9 лица се хоспитализирани“, рече тој мислејќи на жртвите во централниот град Уман.

„На повредените моментално им се укажува лекарска помош“, изјави Клименко, и додаде дека спасени се три деца.

„Во Днипро, една жена и едно тригодишно дете ги загубија животите во најновите напади врз градот“, рече градоначалникот Борис Филатов, додавајќи дека било употребено „оружје со висока прецизност“.

„Оружје со висока прецизност… уште еднаш уби цивили во Днипро“, соопшти Филатов преку Фејсбук.

„Силите за противвоздушна одбрана на Украина синоќа уништиле 11 руски проектили и две беспилотни летала на пат кон Киев“, истакна Серхиј Попко, шеф на градската воена управа на Киев.

Русија, исто така, рано утринава лансирала ракети и од регионот на Каспиското Море, соопштија украинските власти.

Врховниот командант Валериј Залужњи на Телеграм истакна дека 21 од 23 крстосувачки проектили и две оперативно-тактички беспилотни летала „се уништени од противвоздушните противракетни единици на украинските воздухопловни сили во соработка со системите за противвоздушна одбрана на другите елементи на нашите одбранбени сили“.

Генералштабот на вооружените сили на Украина соопшти дека во изминатите 24 часа Армијата успешно одбила 65 руски напади врз подрачјата на Бахмут, Авдиивка и Марјинка.

Армијата истакна дека Русија лансирала осум проектили и извела 31 воздушен напад, како и дека испукала 56 парчиња муниција од повеќе ракетни фрлачи, врз украинските воени и цивилни позиции.

„Цивили настрадаа, приватни станбени згради и друга цивилна инфраструктура се уништени и оштетени“, соопшти Армијата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Папата допатува во тридневна посета на Унгарија

Следно

Фото: Тротоарот на „Гологанов“ претворен во паркинг

Latest from Blog

Охридското Езеро годинава ќе биде порибено со 1,6 милиони единки пастрмка

Годинава се планира Охридското Езеро да биде порибено со околу 1,6 милиони единки од ендемичниот вид охридска пастрмка, што е за околу 500 илјади повеќе во споредба со минатата година, информираше заменик-министерот

СДСМ: И во Кривогаштани куп бактерии во водата за пиење

СДСМ преку соопштение обвини дека проблемот со безбедноста на водата за пиење во Македонија добива пошироки размери, откако, според партијата, во јавна чешма во Кривогаштани биле утврдени бактерии кои ја прават водата
Go toTop