Во Истанбул се отвори најголемиот турски фестивал за воздухопловство и технологија ТЕХНОФЕСТ

April 27, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – ТЕХНОФЕСТ, најпознатиот турски фестивал за воздухопловство и технологија, денес ги отвори своите врати за посетителите на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул, јавува Анадолу.

Петдневниот фестивал вклучува голем број настани, како технолошки натпревари, воздухопловни шоуа, концерти и семинари.

ТЕХНОФЕСТ има цел да го зголеми интересот за технологијата во Туркије. Првиот фестивал привлече околу половина милион посетители, додека фестивалот во 2019 година пречека 1,72 милиони посетители, што е светски рекорд за настан од областа на авијацијата.

Одржан во Истанбул во 2018 и 2019 година, првиот ТЕХНОФЕСТ надвор од турската метропола беше одржан во југоисточната турска област Газиантеп во 2020 година, но тој се одржа виртуелно поради ограничувањата за пандемијата на коронавирусот.

Во 2021 година ТЕХНОФЕСТ се врати во турската економска престолнина Истанбул.

Минатата година фестивалот се одржа во црноморската област Самсун, каде што го посетија 1,25 милиони посетители.

Првата интернационална верзија на фестивалот се одржа минатата година во Баку, главниот град на Азербејџан.

Десетици илјади натпреварувачи и тимови се пријавуваат за учество на настанот од 2018 година во десетици категории.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

И денеска тензично во Судскиот совет, седницата поместена за два часа

Следно

Перу прогласи вонредна состојба на границите за борба против нерегуларната миграција

Latest from Blog

Барса со „петарда“ ја започна новата сезона

Фудбалерите на Барселона фантастично ја започнаа новата сезона со убедлива победа против екипата на Елче со 0:5. Момците на Ханси Флик покажаа класа и најавија уште една сезона во која што ќе

ИРАН ЈА НАПАДНА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА, четири дена не можат да се опорават

Хакери поврзани со Иран успеаја целосно да ја запрат работата на британска електрана дури четири дена, што се смета за еден од најсериозните сајбер напади врз енергетската инфраструктура на Обединетото Кралство, објави

Интересно: Фановите на Марсеј ја славеа титулата на Шпанија? (ВИДЕО)

ФОТО:printscreen Навивачите на Олимпик Марсеј изненадија со чудна претстава за време на првиот натпревар на тимот во сезоната во Лига 1. Некои од навивачите на „Велодром“ извадија огромна кореографија во чест на

Иран поканет да се приклучи на „исламското НАТО“

Рахими, директор на новинската агенција Ханех Мелат, поврзана со иранскиот парламент, изјави дека Иран добил покана да се приклучи на договорот во Мека и дека прашањето се разгледува. Рахими рече дека земјите
Go toTop