Суспендирани командирот и четворицата полицајци кои го спроведувале Беким Мемети

January 13, 2023
1 min read

Суспендирани од работа се четворица затворски полицајци кои го спроведувале осудениот Беким Мемети од КПУ Идризово во Ургентниот центар „Мајка Тереза“ и командирот кој ја издал наредбата, потврдуваат за МИА од Министерство за правда.

Одлуката за суспендирањето на затворските полицајци и командирот е донесена по спроведениот вонреден надзор.

Министерството за внатрешни работи денеска објави меѓународна потерница за Мемети Беким, кој синоќа додека бил пренесуван во болница пукал во затворски полицаец и побегнал.

– Мемети Беким род. 30.01.1986 год. во Тетово, каде и живее на ул.„115“ бр.8, кој се бара за бегство од КПУ Идризово за сторено кривично дело по чл. 123, чл.396 и чл.215 од КЗ на РСМ, стои во објавата на МВР.
Беким бил осуден на вкупна казна од 21 година затвор, од кои 19 за убиство и две за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Казната ја издржува од 28.12.2020 година, а му истекува на 17.04.2040 година.

Управата за извршување на санкции, денеска информираше дека синоќа околу 23:20 часот при спровод на осуденото лице Б.М (36) од КПУ Идризово во Ургентниот центар „Мајка Тереза“ поради повреда на десната рака, на автопатот кон Скопје кај бензиската пимпа на Лукоил, службено возило било пресретнато од возило марка „ауди” со сива боја без регистерски таблички кое им го блокирало патот.

– Осуденото лице во тој момент му го одзел службениот пиштол од футрола на затворскиот полицаец И.Х. кој го возел комбето, пукал во него и го повредил во долниот дел на стомакот. Поради повредата, возачот го запрел возилото, а осуденото лице се дало во бегство со патничкото возило „ауди”. Вработените во затворската полиција го пријавиле случајот во СВР Скопје, појаснуваат од Управата за извршување на санкции.

Повредениот затворски полицаец е префрлен во болница на натамошно лекување, а со учесниците на настанот извршени се разговори од страна на надлежните на МВР.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бајден на 7 февруари ќе одржи говор за состојбата на нацијата и општата политика

Следно

Бикнијус: Нема непосредни докази дека експлозијата на гасоводот што ги поврзува Литванија и Летонија е резултат на напад

Latest from Blog

УЕФА не и простува на ФИФА: Добро е што планот пропадна,ова е победа на фудбалот, ама…!

ФОТО: UEFA.COM Сега веќе е јасно дека и дефинитивно Џани Инфантино капитулираа, доживеаја тежок дебакл. Неговиот таен план да го продаде Светското првенство на приватни инвеститори беше откриен во последен момент и

Николоски: 47 семејства во Дебар добиваат нов дом, продолжуваме со изградба на социјални станови

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска во Дебар изјави дека е особено значаен моментот кога 47 семејства од најранливите категории добиваат можност да живеат во нови станови. -Навистина е убав

Зеленски: Останавме без ресретнувачки ракети за „Патриот“

Претседателот Володимир Зеленски предупреди дека Украина останала без пресретнувачки ракети за своите системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ по уште еден голем руски напад во текот на ноќта, истакнувајќи дека била соборена само

Ѓорѓиевски: Градскиот парк го враќа својот сјај

Екипите на јавните претпријатија на Град Скопје го расчистија првиот дел од Градскиот парк од последиците на силното невреме што пред неколку дена го зафати Скопје. Засадени се нови садници, санирана е

Коњановски: „Илинденски денови“ ја претворија Битола во светска сцена на фолклорот

Со свечено доделување на признанија и награди за најуспешните фолклорни групи, културно-уметнички друштва, ансамбли и поединци, синоќа беше затворено 56. издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ во
Go toTop