Најголемиот турски воен брод „ТЏГ Анадолу“ испорачан на Турската воена морнарица

April 11, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Најголемиот турски воен брод „ТЏГ Анадолу“ официјално ѝ е испорачан на Турската воена морнарица, јавува Анадолу.

На церемонијата на испорака на бродот во бродоградилиштето во Истанбул присуствуваа највисоки државни претставници, меѓу кои и претседателот Реџеп Таип Ердоган и државните министри.

Ердоган во своето обраќање истакна дека најголемиот турски воен брод дополнително ќе ја зајакне позицијата на Туркије во регионот.

„Воениот брод ‘ТЏГ Анадолу’ го гледаме како симбол што ќе ја зајакне нашата водечка позиција во овој регион и дополнително ќе го зајакне нашето право на глас во светот“, рече турскиот претседател.

Додаде дека овој воен брод е специфичен по многу нешта.

„’ТЏГ Анадолу’ е првиот воен брод во светот во својата категорија на кој може да слетуваат и полетуваат најголемите и најтешките хеликоптери и беспилотни летала“, рече Ердоган и додаде:

„Нашиот ‘ТЏГ Анадолу’ го красат карактеристики што, во случај на потреба, ќе ни овозможат изведување воени и хуманитарни операции во секој дел од светот.“

Нагласи дека се многу горди на ова големо достигнување на Република Туркије.

„Фактот дека Туркије е една од десетте земји што дизајнираат, развиваат и одржуваат сопствен брод не е обичен слоган, туку успех со кој треба да се гордееме“, рече турскиот претседател.

Изградбата на воениот брод „ТЏГ Анадолу“ започна во април 2016 година и завршена е по седум години.

Ердоган истакна дека воениот брод ќе биде од огромна корист за Туркије.

„Но ова не е доволно. Нашата втора фаза е да изградиме цел носач на авиони. Веќе разговаравме со многу земји за тоа, работиме на тоа и ќе го постигнеме тоа“, рече Ердоган.

Додаде дека 70 отсто од воениот брод „ТЏГ Анадолу“ е изграден со локални капацитети.

Бродот „ТЏГ Анадолу“ може да пренесе единици со големина на баталјон на одредена локација со сопствена логистичка поддршка, без потреба за поддршка од матична база. Изграден во истанбулското бродоградилиште Седеф, овој воен брод може да превезува хеликоптери, дронови, копнени возила, лесни воени пловила и персонал.

Воениот брод „ТЏГ Анадолу“ е долг 231 метар и широк 32 метра, а може да превезува товар од околу 27 илјади тони.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

ПРАИЗВЕДБА НА „ВЕЌЕ НЕ Е НИ СМЕШНО“ ОД КОКАЛАНОВ, ВО РЕЖИЈА НА ЈАНИЌИЈЕВИЌ ВО ТЕАТАР КОМЕДИЈА

Следно

Бајден го потпиша нацрт-законот со кој се става крај на националната вонредна состојба за КОВИД-19

Latest from Blog

Во Србија пензискиот фонд објави јавна набавка на систем за апликации што ќе користи ВИ

Српскиот фонд за пензиско и инвалидско осигурување (ПИО) ќе користи вештачка интелигенција за масовна обработка на документи и други задачи, што треба да им обезбеди на корисниците на услугите и вработените во

Кристијан Ериксен се договори со Волфсбург

фото: Florian Plettenberg (X) Данскиот репрезентативец и бивш фудбалер на Манчестер Јунајтед, Кристијан Ериксен конечно си најде нов клуб. 33-годишниот данец ќе стане нов фудбалер на Волфсбург. Откако ја прекина соработката со

Поплави на Бали, девет лица загинаа

Поплавите на индонезискиот остров Бали одзедоа најмалку девет животи оваа недела, блокирајќи ги главните патишта во главниот град и нарушувајќи го животот во прометната туристичка дестинација, соопштија денес официјални лица. Обилните дождови

Премиерот Мицкоски утре во посета на ГОБ „8 Септември“ во Скопје

Премиерот на Република Македонија Христија Мицкоски утре ќе ја посети ГОБ „8 Септември“ во Скопје. -Ве известуваме дека утре 11.09.2025 година (четврток) во 12:30 часот претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан
Go toTop