Над 1.500 еврејски доселеници упаднаа во комплексот на џамијата „Ал Акса“

April 10, 2023
1 min read

ЕРУСАЛИМ (АА) – Повеќе од 1.500 еврејски доселеници денес насилно влегоа во комплексот на џамијата „Ал Акса“ во окупираниот Источен Ерусалим (Источен Кудс) за време на еврејскиот празник Пасха, јавува Анадолу.

Одделот за исламски донации во Ерусалим соопшти дека 1.532 доселеници денес упаднале во џамијата „Ал Акса“.

Во соопштението се наведува дека доселениците упаднале во комплексот во 21 група придружувани од израелската полиција.

Претходно, израелската полиција спречи Палестинци помлади од 50 години да влезат во џамијата „Ал Акса“ за да извршат молитва, изјавија очевидци за Анадолу.

Сведоците рекоа дека полициските сили биле распоредени во дворот на „Ал Акса“ пред да дозволат групи од десетици доселеници да упаднат низ портата Муграби на западниот ѕид на џамијата.

Полицијата оддалечи и голем број верници од дворовите на џамијата „Ал Акса“ за време на упадот на доселениците.

Одделот за исламски донации во Ерусалим во неделата соопшти дека 912 доселеници упаднале во џамијата „Ал Акса“ на еврејскиот празник Пасха, кој трае до 12 април.

Тензиите ескалираа низ палестинските територии откако израелските сили упаднаа во комплексот на џамијата „Ал Акса“ во Источен Ерусалим и насилно ги оддалечија верниците минатата недела.

Израелските напади врз џамијата поттикнаа ракетни напади од Појасот Газа и Либан, при што Израел возврати со воздушни напади.

Палестинците го обвинуваат Израел дека систематски работи на јудеизирање на Источен Ерусалим, каде што се наоѓа „Ал Акса“, и го брише неговиот арапски и исламски идентитет.

За муслиманите, „Ал Акса“ претставува трето најсвето место во светот. Евреите, од своја страна, ја нарекуваат оваа област Планина на храмот, велејќи дека тоа е место на два антички еврејски храма.

Израел го окупира Источен Ерусалим за време на Арапско-израелската војна во 1967 година. Го анектираше целиот град во 1980 година во потег што никогаш не беше признат од меѓународната заедница.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

По многубројните реакции, власта ги повлече измените на Законот за културно наследство – другите закони ќе се носат по скратена постапка, опозицијата ја напушти седницата

Следно

Град Скопје објави нов јавен повик за приватните превозници

Latest from Blog

Коњановски: Со заеднички мерки до подобра социјална заштита во Битола

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска оствари работна средба со министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, кој престојуваше во официјална посета на општината. На средбата се разговараше за унапредување

Киносалите во Кина достапни и за домашни миленици

Кинеските кина почнаа со прикажување филмови, наменето за посетители со домашни миленици, претворајќи го традиционалното кино-доживување во нов начин на заедничка забава. Салите се прилагодени за престој на кучиња и мачки, со

Јаневска: Образованието е заедничка општествена одговорност

Министерството за образование и наука и другите институции и образовни установи добиваат сè повеќе партнери во заложбите за унапредување на квалитетот на воспитно-образовниот процес. Убедена сум дека така и треба да биде,

Видео: Ветер ја урна репликата на Статуата на слободата во Бразил

Инцидентот се случил во градот Гваиба, во државата Рио Гранде до Сул, каде што голема реплика на познатата статуа од Рио де женерио е поставена пред продавница  Хаван. Градоначалникот на Гваиба, Марсело Мараната,
Go toTop