Град Скопје објави нов јавен повик за приватните превозници

April 10, 2023
1 min read

Град Скопје денеска објави нов јавен повик за враќање на приватните превозници во јавниот превоз. На првите два повици немало пријавени, а како што информираат од Градот, третиот повик е пропаднат поради нецелосна документација на подносителите на апликациите.

-Подносителите на апликациите имаа нецелосна документација. Постапката е во тек, и се надеваме дека набрзо ќе биде успешно спроведена, за што ќе бидете навремено известени, велат за МИА од Град Скопје.

На веб-страницата на Градот денеска беше објавен нов оглас со идентични услови како и на претходниот. Огласот е отворен до 24 април.

Се бараат превозници за линиите со број 9,11,11А,12,19,20,22,23,45,47А,52,54,55,61,63 и 73. За овиие линии потребни ќе бидат 115 автобуси и 245 возачи.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Над 1.500 еврејски доселеници упаднаа во комплексот на џамијата „Ал Акса“

Следно

Бројот на загинатите во лавина на француските Алпи се искачи на шест лица

Latest from Blog

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро

19 годишна девојка итно хоспитализирана, братот (23) случајно ја застрелал додека и го покажувал пиштолот

Девојка (19) е ранета денес во пукотница што се случила во близина на Универзитетот во Нови Пазар, откако нејзиниот брат Д. А. (23) испукал куршум од пиштол и случајно ја погодил, јавува
Go toTop