Промоција на романот „Писмо за Глорија“ од Живко Грозданоски во Струмица

April 5, 2023
2 mins read

Здружението за развој на културата и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“ на 8 април 2023 година во 20 часот во кафе бар „Нагоре“ во Струмица организира промоција на романот „Писмо за Глорија“ од Живко Грозданоски.

Настанот ќе го отвори и модерира Митко Гогов, а промотор на романот ќе биде писателот Ацо Гогов. По промоцијата музика ќе пушта dj Alex Stoilov.

„Писмо за Глорија“ од Живко Грозданоски во издание на „Или-или“ е еден од четирите романи финалисти што влегоа во потесниот избор за „Роман на годината“ за 2022 година на Фондацијата „Славко Јаневски“.

Романот е замислен како книга за траумата, но и за терапевтското влијание на пишувањето. Ова е книга за разбирањето, за милоста и за прошката. Најпосле, тоа е книга што се обидува да зборува за неискажливото доживување на врховната едност, која сè наоколу трајно преобразува во свест, љубов, радост и благодарност.

Според Фросина Пармаковска овој роман е „обид за автофикција“, односно книга која преку „себеосознавање, себесоочување и самопомош“ говори за траумите од животните преломи кои можат да остават траен белег при градењето на карактерот на еден човек. Додека за ликовниот уметник Никола Пијанманов, авторот Живко Грозданоски преку овој ракопис проникливо, „откривајќи ја полнотата на празнината, преку долга, исцрпувачка автоперцепција“ успеал „создавајќи еден неверојатен роман/автопортрет“ успеал да ни ги открие „најскриените брчки и лузни на неговото лице осветлено со блесоци од сеќавања и набљудувања на стварното, кое некогаш сосема ненадејно, најмалку очекувано, се претвора во сон. Поточно во испрекинат сон, кој не може да заврши и кулминира, нити во доброто ниту во лошото.“

Самиот автор ќе каже: „Во време во кое стварноста во голема мера ни е обликувана од впечатоци и доживувања од Фејсбук и ним сл. мрежи што обично ги преплавуваме со успешни, беспрекорни и најпосле, редовно на некој начин „монтирани“ слики, можеби навистина има глад за некаква противтежа, за нешто што би можело да се види како автентичност (па нека е таа и фикционализирана, и изнасилена; па нека е и дел од густа приказна, натоварена со милион цитати).“

„Писмо за Глорија“ е роман кој додека го читате ве наведува на интроспекција, на споредување со главниот лик и неговите избори во конкретни ситуации; реалноста на моменти е толку јасна и чиста, а веќе на следната страница умешно потопена во имагинацијата. Во приказната се испреплетени минатото, сегашноста и планираните настани во иднината, но тука е пред сѐ очекувањето на средбата со Глорија и енергијата што ја дава сеќавањето на неа. Романот говори за обичноста на секојдневието, за едноставноста во комуникацијата меѓу луѓето, за нотирањето на сегменти од животот кои се уникатни и само нам исклучително важни. Оваа книга го анализира односот со самиот себе, но и со другите, говори за себеоткривањето како можност за исцелување, за повлекувањето во виугите на себството како излез низ тунелот на егзистенција; за љубопитноста како одговор на препреките што ни се појавуваат на патот. Овој роман-патешествие нѐ потсетува на пријателството, на важноста да бидеме сами и кога сме во друштво и обратно: да бидеме уво за премрежињата низ кои поминуваат оние околу нас.

Живко Грозданоски е роден во 1986 година во Кичево. Дипломирал на катедрата по италијански јазик и книжевност. Пишува проза и книжевност за деца. Неговите кратки раскази се преведени на десетина јазици, а неговите романи се преведени на бугарски („Куфер за тројца“, Или-или, 2014) и на италијански („Последното име на иднината“, Антолог, 2018) јазик. Преведува и препејува од и на италијански јазик.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Инфантино: Расизмот нема место во фудбалот

Следно

МНР му одговори на Милков: Процесот на уставни измени е внатрешно прашање, нема можност да се вклучат лица од странство

Latest from Blog

Коњановски: Инвестираме во патишта што го подобруваат секојдневието на граѓаните

Продолжуваат активностите за асфалтирање улици и патишта во Општина Битола. Денеска градежната оператива го асфалтираше коловозот на локалниот пат во селото Раштани. Се работи за три краци со вкупна должина од околу

Трагедија во Шпанија: Почина дете за време на прославата!

Тринаесетгодишно дете смртно страдаше во градот Сиудад Родриго во покраината Саламанка. Жителите на ова мало гратче на западот од Шпанија ја славеа титулата светски шампион кај фонтаната на кружниот тек Глориета дел

Каде е Инспекторатот за употреба на јазиците, итна оставка на директорот, бара ДУИ

Во само еден ден, Град Скопје двапати отворено ја прекрши законската обврска за употреба на албанскиот јазик. Скопје е двојазичен град и неговите институции имаат јасна законска обврска албанскиот јазик да го

Битола отвора можност за нови сертифицирани лични асистенти за лица со попреченост

Општина Битола објавува јавен повик за избор на лиценцирани обучувачи за спроведување на обука на лични асистенти за лица со попреченост, согласно Програмата за социјална заштита. Право на учество имаат сите правни
Go toTop