Адвокатите Бланч и Такопина: Трамп беше фрустриран, нервозен и депримиран, но ова нема да го обесхрабри

April 4, 2023
1 min read

Запрашан како се чуствувал експретседателот во судницата кога го слушнал обвинението, адвокатот Бланч изјави „што мислите, како се чувствуваше? Беше фрустриран, вознемирен и разочаран“

По завршувањето на првото рочиште од судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп по обвинението за фалсификување деловни книги и заговор, неговите адвокати Тод Бланч и Џозеф Такопина, пред судот изјавија дека „денеска е тажен ден за нашата земја, затоа што на поранешен претседател му се суди за политичко прашање“.

„Вие не го очекувате ова во оваа земја, не очекувате ова да му се случи на поранешниот претседател“,

рече адвокатот Бланч.

Запрашан како се чуствувал експретседателот во судницата кога го слушнал обвинението, адвокатот Бланч изјави „што мислите, како се чувствуваше? Беше фрустриран, вознемирен и разочаран“. Но, додаде, дека поранешниот претседател „нема да биде обесхрабрен од ова“.

Адвокатот Такопина изјави дека тие како одбрана биле „изненадени што немаше докази“.

Правниот тим на Трамп беше запрашан од мноштвото новинарски екипи и зошто експретседателот во неговата денешна електронска порака упати навредливи зборови за судијата и неговото семејство.

Американската телевизија Ен-би-си наведе дека во судницата Трамп, наводно, бил предупреден од судијата Хуан Мерчан за тоа што го кажува и објавува на социјалните мрежи.

Попладнево, пред почетокот на судењето, Трамп од својот дом во кулата „Трамп“, го обвини судијата и неговото семејство дека се „мразачи на Трамп“.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се изјасни како невин во судот во Менхетен, каде што по неговото формално апсење му се суди за 34 точки од обвинението, јавија американските медиуми. Трамп е обвинет дека ѝ платил на порноѕвездата Сторми Даниелс да молчи за нејзината врска со него пред неговата претседателска кандидатура во 2016 година.

Следното рочиште на судењето на Трамп е закажано за 4 декември.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Настанот кој ќе ја одбележи оваа пролет: Бајага и „Инструктури“ во сабота во ноќниот клуб „Pure“

Следно

Објавено е целото обвинение за Трамп

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: Растот на БДП отвора простор за нови економски мерки

13 март 2026, Скопје – Буџетот е ликвиден. Пари се обезбедени навреме и има простор за мерки доколку се потребни. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во Само интерву“ на

Над 411 милиони денари капитални инвестиции реализирани во Битола

Денеска заседава Советот на Општина Битола каде на дневен ред е и завршната сметка и годишниот извештај на Општина Битола за 2025 година. Во продолжение Ви го пренесуваме интергрално обраќањето на градоначалникот

Белата куќа: Нема закана од Иран за напади на американска територија, натписите на ABC се лажни

Реакцијава доаѓа откако ABC News објави дека ФБИ ги предупредило полициските одделенија во Калифорнија за можна иранска одмазда за американско-израелските напади врз Иран. Според извештајот, Иран наводно би можел да се обиде

Мицкоски: Нашиот фокус е консолидирање и економски раст на државата, како и на редовни парламентарни избори во 2028 година

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва порача дека фокусот на Владата е на консолидирањето и економскиот раст, како и на редовни парламентарни избори, кои ќе се одржат во 2028 година. Мицкоски во интервју за
Go toTop