Арсовска на увид во градежните активности на „Васко Карангелески“

April 3, 2023
1 min read

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска изврши увид во завршните работи на улицата „Васко Карангелески“ на потегот до булеварот „Трета македонска бригада“ каде се изведе целосно ново булеварско решение со по две коловозни ленти во правец, пешачки и велосипедски патеки.

Коловозот е на површина од 10590 метри квадратни, на должина од 1080 метри, а изградена е целосно нова атмосферска канализација во должина од 380 метри.

На трасата се изведува пешачка патека од павер елементи на површина од 5600 метри квадратни и велосипедска патека со површина од 2400 метри квадратни, соодветно хортикултурно уредување и осветлување. Со одржливи сообраќајни решенија што се зголемува ефикасноста на градскиот сообраќај, но пред сè се овозможува зголемена безбедност и сигурност за сите учесници во сообраќајот.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тачи пред судот во Хаг се изјасни за невин за воени злосторства

Следно

Увид во работа на ул. Васко Карангелески 03.4.2023

Latest from Blog

Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за

Уапсен е педофил, кој 37 години се криел на Филипините- киднапирал и силувал 7- годишно девојче

13-тиот окружен суд во округот Хилсборо, Флорида, издаде налог за апсење на Талмаџ во март 2025 година, според соопштението за медиумите од Филипинското биро за имиграција (BI) и онлајн записите добиени од

„Шумарите“ за пенал подобри од Астон Вила, Кристал Палас чекори кон финале во КЛ (ВИДЕО)

Нотингем Форест славеше минимално со 1:0 во големото англиско дерби во полуфиналето на Лигата на Европа. Вечерва во еден навистина цврст натпревар, популарните „шумари“ дојдоа до минимална победа благодарение на досудениот пенал

Полицијата ги игнорирала предупредувањата за терористички напад пред масакрот на плажата Бонди

Навид Акрам и неговиот татко Саџид Акрам, кој беше убиен од полицијата за време на нападот на плажата Бонди, се обвинети дека пукале во недела, 14 декември 2025 година, околу десет минути
Go toTop