Асфалтирање и партерно уредување на улица „Козјак“ во Кисела Вода

April 1, 2023
1 min read

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски информира дека после 50 години, конечно се асфалтира и се уредуваа улицата ,,Козјак” во централниот дел на општината.

Се работи за дел од Кисела Вода каде има повеќе станбени објекти, повеќе жители кои години наназад барале подобри услови и не биле слушнати од сите претходни градоначалници.

-Со отпочнатите активности, во кои се вклучени досегашните барања кои стигнувале до oпштина Кисела Вода, сакам да упатам јасна порака дека нема да дозволам тие да се почувствуваат заборавени. Покрај асфалтирањето на улицата ,,Козјак” и санацијата на тротоарите, ги уредуваме и пристапните и пешачките патеки, поставуваме и нова урбана опрема, а ќе ја разгледаме и можноста за уште едно од поновите барања за изградба на паркче за нивните миленичиња, објави градоначалникот на Кисела Вода.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зеленски: Руското оружје во Белорусија укажува на неуспехот на состанокот Путин-Си

Следно

Реал Мадрид заинтересиран за Мекалистер

Latest from Blog

Во Штип ќе се гради универзитетски центар за сајбер безбедност

Градот под исарот е локацијата каде ќе биде инсталиран Интегриран центар за безбедносни операции, кој ќе биде насочен на унапредување на сајбер безбедноста и дигиталната отпорност. На штипскиот Универзитет денес беше означен

“Бомба“ од Мадрид: Бернардо Силва потпишува за Реал Мадрид?! (ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/mancity/ „Бомба“ и тоа каква попладнево релевантните медиуми лиферуваат како вест. Имено Бернардо Силва ова лето би можел да потпише за Реал Мадрид. Познато е дека официјално тој си оди Манчестер Сити

Меџити: ВРЕДИ се обединува во една партија на 9 мај

Коалицијата ВРЕДИ (ВЛЕН) на 9-ти мај ќе одржи обединувачки конгрес преку кој ќе прерасне во една политичка партија со центар-десно ориентирана идеологија. Ова го најави еден од лидерите на коалицијата, Изет Меџити,

Воена вежба на кинеската армија во близина на филипинскиот остров Лусон

Вежбата, во која беше вклучена боева муниција, вежби за координација на море и воздух, брзи маневри и надополнување гориво на море, имаше за цел тестирање на интегрираните заеднички борбени способности. Но, кинеската
Go toTop