Трамп се пофали дека собрал над 4 милиони долари од донации за 24 часа по веста за обвинението

April 1, 2023
1 min read

На рочиштето во вторник, јавноста веројатно нема да го види Трамп со лисици на рацете. Неговата адвокатка рече дека тој е подготвен за борба и обвини за селективен прогон од страна на властите. Уверена е дека Трамп нема да биде осуден и порачува оти тој ќе ја продолжи кампањата за нов претседателски мандат

Доналд Трамп / Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, кој планира да се кандидира за втор мандат на изборите 2024 година, соопшти дека за 24 часа откако беше објавена веста за обвинението против него биле собрани над четири милиони долари од донации за неговата претседателска кампања.

Веста дека големата порота од Менхетен гласала за покренување обвинение дојде во четвртокот или еден ден пред крајниот рок (31 март) од кварталниот период во кој кандидатите известуваат за тоа колку пари собрале во кампањата. Ова е период кога кандидати, пишува „Блумберг“ често ги зголемуваат напорите за собирање донации за да покажат колкава поддршка имаат зад себе.

Трамп е првиот поранешен претседател на САД кој се соочува со кривично обвинение. Случајот за кој против него се покренува обвинение е за исплата на 130 000 долари на порно актерката Сторми Даниелс кои наводно тој ѝ ги дал во замена таа да молчи за нивна афера од 2006 година.

Детали на што конкретно се однесува обвинението кое го покренува федералното обвинителство на Менхетен не се познати, но она што е веќе познато е дека поранешниот претседател во вторник треба да се појави пред тамошниот суд за да му биде прочитано обвинението.

Неговите адвокати изјавите дека тој е „подготвен за бораба“.

„Му оди добро. Отпорен е и цврст. Секако дека не е задоволен од одлуката за обвинение, но подготвен е за борба … Гледаме селективен прогон. Гледаме личност (мислејќи на Трамп) која е бесконечно прогонувана. Нема да има осудителна пресуда така што не мора ни да зборувам за тоа. Претседателот Трамп со сигурност ќе ја продолжи својата претседателка кампања“,

изјави неговата адвокатка Алина Хаба за „Скај њуз“.

На рочиштето во вторник, јавноста веројатно нема да го види Трамп со лисици во раце. Американските медиуми пишуваат дека лисиците обично се користат за осомничени за кои се смета дека има висок ризик од бегство.

Трамп живее во Флорида и се очекува во понеделник со својот приватен авион да полета за Њујорк за наредниот ден да им се предаде на тамошните федерални агенти кои ќе треба да го заштитат како поранешен претседател на САД.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

САД: Најмалку три лица загинаа од торнада во сојузната држава Арканзас

Следно

САД бараат одговорност за злосторства на Русија во Буча

Latest from Blog

Борнмут е посилен за Антонио Силва

Во пресрет на новата Премиер лига сезона, тимот на Борнмут се реши да се засили со нво играч од Португалија. Се работи за досегашниот член на тимот на Бенфика, Антонио Силва, кој

Стара Водејнца – вкусот на традицијата во срцето на Јабланица

Во живописното подножје на планината Јабланица, помеѓу селата Октиси и Вевчани, се наоѓа ресторанот „Стара Водејнца“ – вистински гастрономски бисер кој со години ги освојува срцата на домашните и странските посетители. Опкружен

Погоден танкер во Ормускиот теснец

Моторот на бродот е оштетен, но нема повредени луѓе и причинета еколошка штета. Инцидентот се случи околу 20 километри североисточно од оманскиот град Лима. Иран бара бродовите да ја користат рутата низ

Обвинетиот бизнисмен Борче Марковски се вратил во Македонија, тврди неговиот адвокат

Битолскиот бизнисмен Борче Марковски, кој е обвинет за злоупотреба на тендери во РЕК „Битола“, се врати во Македонија, изјави за ТВ 24 неговиот адвокат Марјан Николоски. Николоски тврди патувањето било неопходно. На
Go toTop