Првоаприлски маскенбал во сите училишта во Општина Петровец

March 31, 2023
1 min read

По повод „Ден на шегата“, денеска се организираше првоаприлски маскенбал во сите училишта на територијата на Општина Петровец.

Градоначалникот Борче Митевски заедно со директорката на ООУ „Кочо Рацин“ од Петровец, Виолета Јаневска како и дел од советниците од Советот на Општина Петровец ,присуствуваа на маскенбалот кој се организираше во дворот на училиштето ,каде на сите учесници на овој маскенбал им беа поделени чоколади.

Истото се случуваше и во останатите училишта каде советниците од Советот на Општина Петровец учествуваа на маскенбалот и им поделија чоколади на сите дечиња.

Беа прикажани голем број на креативни маски кои беа изработени од самите дечиња со помош на своите родители.

На маскенбалот присуствуваа и голем број на родители кои ракоплескаа на прикажаните маски од страна на учесниците на маскенбалот.

Маскенбалот помина во општо расположение и насмевки на сите присутни на оваа манифестација која се организира секоја година по повод „Денот на шегата“.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Приведени четири лица во Скопје поради дрога

Следно

Нов милионски трансфер од Динамо: Ливаковиќ се сели во Галатасарај?

Latest from Blog

ШОК: На чајанка, Си му открил на Путин што разговарал со Трамп

Кинескиот претседател Си Џинпинг ги сподели вестите за посетата на американскиот претседател Трамп на Кина со рускиот претседател Владимир Путин на чајанка во Москва, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Па, секако

Андоновски: Наскоро стартува државна „суперапликација“ со дигитална лична карта и возачка дозвола

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ најави дека државата е во завршна фаза на развој на нова мобилна „суперапликација“, преку која граѓаните ќе можат да користат

ИЗРАЕЛ ЛИКВИДИРА ПО ОВОЈ ПЛАН И ТАЕН СПИСОК. Не се предвидени судења или судски постапки

Иако во Појасот Газа е на сила официјално примирје, зад сцената се одвива масовна, технолошки напредна операција за одмазда. Според голема истрага објавена од „Волстрит џурнал“ (The Wall Street Journal), израелските разузнавачки

Разгледани се сите препораки на ОБСЕ/ОДИХР, најголем дел се прифатливи

Денес се одржа петтата седница на Работната група за реформи во Изборното законодавство, на која се разгледуваа повеќе клучни прашања поврзани со усогласување на Изборниот законик со препораките на ОБСЕ/ОДИХР. На седницата
Go toTop