Македонија има гол-разлика 0:15, а голманот Димитриевски е херојот

October 4, 2026
1 min read

По три меча во Лига на нации, фудбалската репрезентација на Македонија не само што нема освоено ниту еден бод, туку нема постигнато ниту еден погодок. Во трите натпревари против Швајцарија, Словенија и Шкотска, Македонија прими седум голови, а не постигна ниту еден. Иако постојано губиме, најдобриот фудбалер во репрезентацијата на Македонија е голманот Столе Димитриевски.

Голманот на Македонија е херојот затоа што да не беше тој, противниците ќе победуваа и многу поубедливо. Тоа во своите изјави по победите во Скопје го истакнаа и селекторите на Швајцарија и Шкотска. Предводникот на Швајцарија Мурат Јакин кажа дека неговата селекција требало да постигне уште еден-два гола во Скопје, додека селекторот на Шкотска, Себастиен Покоњоли синоќа изјави дека требало да дадат повеќе погодоци.

Секако ова „незадоволство“ на селекторите на Швајцарија и Шкотска е поради фантастичните одбрани на Димитриевски. Едноставно ако тој не беше да го чува нашиот гол, поразите ќе беа катастрофални.

Откако Седлоски е селектор на Македонија, нашата репрезентација нема постигнато гол во седум меча, а прими дури 15 погодоци. Иако ова е катастрофална статистика за нас, со просек од повеќе од два примени гола на меч, голманот Димитриевски е херојот затоа што сите противници на крајот жалат што не погодувале уште повеќе.

Извор: sportmanija.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

САУДИСКА АРАБИЈА ТРГНУВА ВО ОФАНЗИВА

Следно

Policia e gjen dhe e kap një person në Deçan që po kërkohej për dy vepra penale

Latest from Blog

ЗА ТОА ШТЕ ЌЕ СЛЕДИ ВИНОВЕН Е ЗЕЛЕНСКИ – Москва најави сосема нов вид војна во Украина

Москва во рок од само неколку минути испрати две фатални и бескомпромисни пораки до украинското раководство: руското Министерство за одбрана најави драстично засилување на ракетните удари низ цела Украина, додека Кремљ децидно

САУДИСКА АРАБИЈА ТРГНУВА ВО ОФАНЗИВА

Саудиска Арабија подготвува голема воена офанзива против јеменските Хутити, со цел да ги поништи нивните неодамнешни успеси со кои ја презедоа контролата врз клучниот теснец Баб ел-Мандеб, витална жила куцавица за глобалниот

Аргентина немаше милост и со 7:0 ја растури Буркина Фасо, во меч кој за малку немаше да се одигра (Видео)

Аргентина убедливо со 7:0 славеше над селекцијата на Буркина Фасо во контролен меч. Вистинска драма се случуваше пред мечот. Африканската селекција која е на 62 место на ФИФА листата одби да патува
Go toTop