САУДИСКА АРАБИЈА ТРГНУВА ВО ОФАНЗИВА

October 4, 2026
1 min read

Саудиска Арабија подготвува голема воена офанзива против јеменските Хутити, со цел да ги поништи нивните неодамнешни успеси со кои ја презедоа контролата врз клучниот теснец Баб ел-Мандеб, витална жила куцавица за глобалниот поморски сообраќај и транспортот на нафта.

Според разузнавачки извори, Ријад разгледува две опции – тесен удар околу теснецот или широка офанзива со усогласени акции на повеќе боjiшта ширум Јемен. Во копнените борби треба да учествуваат и до 100.000 јеменски војници под надзор и со силна поддршка од саудиското воено воздухопловство, а почетокот на операцијата се очекува во наредните недели.

Американска поддршка и дилемите на Вашингтон

Саудискиот министер за одбрана, принцот Калид бин Салман, веќе остварил контакт со шефот на Пентагон, Пит Хегсет, информирајќи го за претстојната операција и барајќи директни американски воздушни удари. Засега Вашингтон ја одбива директната борбена вмешаност за да избегне ново отворање боиште, но САД продолжуваат да му помагаат на Ријад со разузнавачки податоци, додека во регионите веќе се распоредени нови ракетни батерии „Патриот“ за заштита на енергетските постројки.

Додека САД трупаат моќни сили и носачи на авиони на Блискиот Исток во сенка на тензиите со Иран, пакистанскиот шеф на дипломатијата Ишак Дар открки дека Техеран се обидува дипломатски да се дистанцира од хутитите и ирачките милиции, нудејќи политички пристап. Меѓутоа, регионалните сојузи веќе се мобилизираат, а одлуката на Саудиската Арабија за удар врз јеменските бунтовници е веќе донесена.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Vetura godet këmbësorin në Prugovc, i lënduari dërgohet në QKUK

Latest from Blog

Аргентина немаше милост и со 7:0 ја растури Буркина Фасо, во меч кој за малку немаше да се одигра (Видео)

Аргентина убедливо со 7:0 славеше над селекцијата на Буркина Фасо во контролен меч. Вистинска драма се случуваше пред мечот. Африканската селекција која е на 62 место на ФИФА листата одби да патува

Нов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредување

Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот

Муслиу згреме: Не оди повеќе вака, репрезентацијата не е зае*анција

Еден од поискусните во македонскиот состав, дефанзивецот Висар Муслиу беше разочаран, но и лут по поразот од Шкотска. Муслиу потенцираше дека некои работи веднаш мора да бидат променети. Сите фудбалери, почнувајќи од
Go toTop