Во првиот меч по ерата на Лео Меси, Аргентина победи убедливо со 4:0 (Видео)

October 1, 2026
1 min read

Репрезентацијата на Аргентина убедливо со 4:0 славеше над Боливија во пријателски меч одигран во Кордоба. Овој натпревар има посебно значење, затоа што е прв за Аргентина откако легендарниот Лионел Меси рече дека се повлекува од репрезентативниот дрес.

Повеќе од две децении Меси беше предводник на Гаучосите со кои освои една титула светски првак и два трофеи во Копа Америка. Уште два пати играше во финале на Светско првенство. Едноставно Меси ја држеше Аргентина во светскиот врв, а сега е време селекцијата да покаже дека може да биде одлична и без него.

Во првиот меч по пензионирањето на Меси, Аргентина покажа сила и со по два гола во двете полувремиња, стигна до убедлив триумф. Леотаро Мартинез погоди во 19 минута за водство од 1:0, а неколку минути подоцна Нико Паз ја зголеми предноста на фаворитот.

На почетокот на второто полувреме Ромеро даде гол за 3:0, а конечните 4:0 ги постави напаѓачот на Палмеираш, Хосе Лопес со погодок во 86 минута.

Аргентина сега треба да одигра контролен меч и против Буркина Фасо, а на 7 октомври треба да биде фештата кога Меси во пријателски дуел против репрезентацијата на Бенин и официјално ќе рече збогум на аргентинскиот дрес.

Извор: sportmanija.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

НОВА ЗАКАНА – Захарова: „Ова се нашите воени цели во Европа“

Следно

Senati i Universitetit të Prishtinës miraton deklaratë për luftën çlirimtare të Kosovës

Latest from Blog

Битола дел од новата иницијатива за индустриско поврзување со ЕУ

Градоначалникот на Oпштина Битола Тони Коњановски, денес во Будва, Црна Гора, присуствуваше на потпишувањето на Меморандум за разбирање помеѓу индустриските паркови/зони, од регионот на Западен Балкан (WB6) и Европската Унија. Церемонијата, која

НОВА ЗАКАНА – Захарова: „Ова се нашите воени цели во Европа“

Фабриките во Европа што произведуваат оружје за Украина се потенцијални воени цели за Русија, изјави во среда портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Захарова на прес-конференцијата изјави дека европските
Go toTop