Телевизиска екипа го снимила моментот кога автомобил удрил 14-годишно девојче, кое се движело со електричен тротинет во северна Полска.

На снимката се гледа црн автомобил кој свртува во споредна улица и го удира девојчето. Од силниот удар тинејџерката се качила на предното ветробранско стакло, по што паднала на коловозот.

Несреќата се случила во саботата во градот Кошчерчина.
Извор: vecer.mk

