Монтела изненаден од жестоките критики кон него по дебаклот од Италија

September 29, 2026
1 min read

Винченцо Монтела не очекувал навивачите на Турција да реагираат толку луто за време на поразот од 1-4 против Италија, „по сè што неговите момци направиле во последните три години“.

Турците веруваа во позитивен резултат против „слабата“ Италија, па за нив беше огромен шок кога Аѕурите среде Бурса водеа со 3-0 по само 27 минути игра.

Италијанскиот тренер се соочуваше со силни критики и по елиминацијата во групната фаза од Светското првенство летоска,  но сега притисокот е многу поголем.

„Играњето на секои три дена на ова ниво бара одреден фокус и искуство што во моментов ни недостасува. Потребно е ментално, како и физичко ресетирање на секои неколку дена, а тоа не е лесно да се научи брзо. Бевме во Лигата на нации Ц пред две години, ја освоивме Лига Б со мене, сега сме во Лига А. Нивото во оваа лига е различно. Атмосферата беше прекрасна пред натпреварот, навистина не очекував одеднаш толку негативна реакција по сè што овие момци направија во последните три години“, рече Монтела.

Тој смета дека Италијанците биле ментално поподготвени, а неговиот тим некоординиран и ја изгубил вербата. Тој се бранеше и со анализи дека според пазарната вредност на тимовите, Италија е двојно поскапа.

Дури и пред полувремето, имаше гласни скандирања од публиката со кои се бараше оставка од Монтела, заедно со претседателот на Турската фудбалска федерација.

Извор: sportmanija.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Напад пред прагот на НАТО: Руско беспилотно летало удри близу границата, се огласија сирените

Следно

Çfarë fshihet pas deklaratave të Ramës për Thaçin? / Veprimtari zbërthen prapaskenat e fundit: Po luan me…!

Latest from Blog

Ослободени петмината осомничени за тероризам од американската база. Трамп: Изненаден сум

RAF Ферфорд е британска воздухопловна база во Глостершир која интензивно ја користат американските воздухопловни сили, особено за стратешки бомбардери и летови со долг дострел. Заради инцидентот, завчера рано наутро беше прогласена вонредна

Напад пред прагот на НАТО: Руско беспилотно летало удри близу границата, се огласија сирените

Според полските власти, леталото погодило цел на оддалеченост од приближно два километри од граничниот премин. Како одговор на нападот, Полска подигна воени авиони и ги стави своите сили во состојба на готовност.

PDK mban nesër konferencë për media

Partia Demokratike e Kosovës (PDK), nesër mban konferencë për media. Kjo u bë e ditur nga përmes një njoftimi për media të lëshuar nga partia, teksa nuk treguan arsyen e kësaj konference.
Go toTop